156
| Македонски
3 609 929 C82 | (21.3.14)
Bosch Power Tools
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
со соодветна големина и облик на брусните плочи.
Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така
ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
Прирабниците за брусни плочи за сечење се
разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи.
Не користете истрошени брусни плочи од големи
електрични апарати.
Брусните плочи за големи
електрични алати не се предвидени за повисок број на
вртежи за малите електрични апарати и може да се
скршат.
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки
Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината.
Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте
таа да дојде во контакт со жичаните четки.
Четките во
облик на чинија или лонец, заради притисокот и
центрифугалната сила може да го зголемат својот
дијаметар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок.
Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат.
Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
тела.
Електричниот апарат исто така е погоден за работење со
жичани четки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Стезна навртка (GGS 6 S)
2
Отворена заштитна хауба со шраф за фиксирање
(GGS 6 S)
3
Вретено за брусење
4
Приклучна прирабница (GGS 6 S)
5
Грло на вретеното
6
Прекинувач за вклучување/исклучување
7
Блокада при вклучување/копче за фиксирање на
прекинувачот за вклучување/исклучување
8
Брзозатезна навртка
*
9
Затезна навртка (GGS 6)
10
Стезна прирабница
11
Затворена заштитна хауба со навртка за фиксирање
(GGS 6)
12
Приклучна прирабница (GGS 6)
13
Рачка (изолирана површина на дршката)
14
Шраф за фиксирање на заштитната хауба
15
Клин за придржување
16
Клуч со два отвори за затезната навртка
17
Ознака на индексот
18
Прстен за задржување
19
Навртка за фиксирање на заштитната хауба
20
Вилушкаст клуч со ширина 24 мм*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 86 dB(A); ниво на звучна јачина
97 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
OBJ_BUCH-1050-005.book Page 156 Friday, March 21, 2014 9:30 AM