Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
C1–C4)
Ставете ја кутијата за прав
(3)
на млазниците за
издувување
(8)
, додека не се вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав
(3)
може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав
(3)
извлечете ја
надолу вртејќи.
Пред да ја отворите кутијата за прав
(3)
тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав
(3)
, преклопете го
филтерот
(9)
нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот
(9)
со мека четка.
Надворешно всисување (види слика D)
Ставете црево за всисување
(10)
на млазниците за
издувување
(8)
.
Цревото за всисување
(10)
поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на почетокот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
u
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
u
Проверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За
вклучување
на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(1)
надесно
во позиција
„I“
.
За
исклучување
на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување
(1)
налево во
позиција
„O“
.
Претходно избирање на број на осцилации (GEX 125-1
AE)
Со копчето за подесување на бројот на осцилации
(2)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
1 – 2
низок број на осцилации
3 – 4
среден број на осцилации
5 – 6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Совети при работењето
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
u
Електричниот алат не е погоден за стационарна
употреба.
Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
За да можете неуморно да работите, во зависност од
употребата, можете да го држите електричниот алат од
горната страна, странично или од напред (види слика E).
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Македонски |
143
Bosch Power Tools
1 609 92A 4AG | (22.05.2018)