156
| Македонски
2 609 007 546 | (6.11.13)
Bosch Power Tools
Македонски
Безбедносни напомени
Општи безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон додатокот за сечење
и користењето на електричниот алат.
Грешките
настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и
за во иднина.
Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за
сечење
Пред било каква интервенција на одвртувачот со додаток за
сечење (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при
негов транспорт и складирање, прекинувачот за правец на
вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно
одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку
се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Заштитната хауба што припаѓа на додатокот за сечење не смее
да биде дефектна.
Заштитната хауба треба да го заштити лицето
што ракува од скршени парчиња и случаен контакт со сечилото.
Не обработувајте материјал што содржи азбест.
Азбестот важи
како канцероген.
При сечењето внимавајте на каблите што спроведуваат напон.
Постои опасност од електричен удар.
При сечењето, никогаш не ја ставајте дланката пред сечилото.
Постои опасност од повреда.
OBJ_BUCH-2057-001.book Page 156 Wednesday, November 6, 2013 8:39 AM