132
| Македонски
F 016 L70 993 | (10.6.13)
Bosch Power Tools
Употребата е забранета на места на коишто постои
опасност од експлозија.
Уредот мора да се стави на цврста подлога.
Употребувајте само детергенти коишто ги препорачува
произведувачот на уредот и следете ги упатствата за
употреба, одлив и безбедност дадени од
произведувачот на детергентот.
Сите компоненти во работниот простор коишто
пренесуваат струја мора да бидат заштитени од
прскање на вода.
При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот не
смее да биде заглавено на позицијата «ON».
Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода.
Не работете со уредот во близина на луѓе коишто не
носат заштитно одело.
Ако е неопходно, носете хемиско-техничко заштитна
(ХТЗ) опрема, на пример наочари или маска што штити
од прскање на вода, честички или аеросоли.
Некои предмети можат да отскокнат поради високиот
притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична
заштита, на пример заштитни наочари.
Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на
оддалеченост од најмалку 30 цм. Во спротивно
високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв
знак на оштетување на гума или вентил е промена на
нивната боја. Оштетените автомобилски гуми и нивните
вентили се опасни по живот.
Не прскајте азбестни и други материјали коишто се
штетни по здравјето.
Не мористете нерастворени детергенти. Безбедни
средства за работа се оние што не содржат киселини,
алкали или состојки штетни по околината.
Препорачуваме детергентите да се чуваат вон дофат на
деца. Ако детергентот дојде во контакт со очите,
веднаш исплакнете ги со многу вода; ако се проголта
детергент, веднаш обратете се кај лекар.
Никогаш не користете го уредот без филтер или со
оштетен или валкан филтер.
Користењето на уредот
без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може
да ја поништи гаранцијата.
После долга употреба, металните делови можат да се
вџештат. По потреба носете заштитни ракавици.
Избегнувајте перење со вода под висок притисок при
лоши временски услови, на пример кога постои ризик
од грмотевици.
Ракување
Ракувачот мора да ракува со уредот во склад со
прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе
пред вид конкретните услови. При работата мора да
внимава на другите личности, а посебно на децата.
Уредот треба да го користат само личности обучени за
таква работа, или личности коишто се тестирани и
покажале способност за ракување со уредот. Уредот не
смеат да го користат деца или млади. Надгледувајте ги
децата за да се осигурате дека не си играат со уредот.
Личности со смалени физички, сензорни или ментални
способности, како и личностите без искуство смеат да
го користат уредот доколку им е обезбеден адекватен
надзор или упатства за безбедно користење на уредот и
коишто го разбираат ризикот од таквото ракување.
Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без
надзор.
Високопритисниот млаз вода којшто излегува од
пиштолот предизвикува отфрлање на раката. Затоа
пиштолот и копјето за прскање треба да се држат
цврсто со двете раце.
Транспорт
Пред транспорт исклучете го и обезбедете го уредот.
Одржување
Пред секое чистење, одржување или замена на делови,
искучете го уредот. Аkо уредот работи приклучен на
електрична мрежа, извадете го напојниот кабел од
утикачот.
Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош
сервис.
Додатна опрема и резервни делови
Може да се користат само додатна опрема и резервни
делови одобрени од произведувачот на уредот.
Оригиналната додатна опрема и оригиналните
резервни делови гарантираат дека уредот може да се
користи безбедно и без расипување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Правец на движење
Тежина
Вклучено
Исклучено
Lo
Низок притисок
Hi
Висок притисок
Опрема
OBJ_BUCH-1870-004.book Page 132 Monday, June 10, 2013 10:08 AM
Содержание AQT 33-10
Страница 183: ... 183 Bosch Power Tools F 016 L70 993 10 6 13 1 5 8 kg OBJ_BUCH 1870 004 book Page 183 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 184: ...F 016 L70 993 10 6 13 Bosch Power Tools 184 2 3 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 184 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 185: ... 185 Bosch Power Tools F 016 L70 993 10 6 13 4 5 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 185 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 186: ...F 016 L70 993 10 6 13 Bosch Power Tools 186 6 7 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 186 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 187: ... 187 Bosch Power Tools F 016 L70 993 10 6 13 8 9 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 187 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 188: ...F 016 L70 993 10 6 13 Bosch Power Tools 188 10 11 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 188 Monday June 10 2013 10 08 AM ...
Страница 189: ... 189 Bosch Power Tools F 016 L70 993 10 6 13 13 12 OBJ_BUCH 1870 004 book Page 189 Monday June 10 2013 10 08 AM ...