Македонски |
199
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден
производител и со ист капацитет.
u
Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.
При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
u
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
u
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации.
На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
u
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред.
Доколку се оштети
мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар,
споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или
вертикална референтна линија.
u
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се
блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За
вклучување
на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување
(4)
во позиција „
ON
“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта
ласерски линии од предниот и горниот излезен отвор
(6)
.
u
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За
исклучување
на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување
(4)
во позиција
OFF
. При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
u
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата.
Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Bosch Power Tools
1 609 92A 541 | (11.11.2019)