132
| Македонски
1 609 92A 3S8 | (15.5.18)
Bosch Power Tools
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување
со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат.
Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа.
На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови.
Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач.
Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот.
Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за алатот за полирање
Заеднички безбедносни напомени за полирање
Овој електричен алат треба да се користи како
машина за полирање. Внимавајте на сите
безбедносни напомени, упатства, прикази и
податоци што сте ги добиле во прилог на уредот.
Доколку не внимавате на следните упатства, може да
дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Овој електричен алат не е погоден за брусење,
брусење со брусна хартија, работа со жичани четки
и сечење со брусни плочи.
Доколку го користите
електричниот алат за несоодветни намени, може да се
предизвикаат опасност и повреди.
Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат.
Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат.
Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат.
Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
Алатите за вметнување со навој мора точно да
одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај
алатите за вметнување, што се монтираат со помош
на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот
што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на
прифатот на прирабницата.
Алатите за вметнување не
може точно да се прицврстат на електричниот апарат,
се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може
да доведат до губење на контролата.
Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има
скинати делови и процепи, дали на брусните
дискови има пукнатини, дали се истрошени или
изабени, и дали има олабавени или скршени жици на
жичаната четка. Доколку ви падне електричниот
апарат или алатот што се вметнува, проверете дали
GPO 950_160992A3S8.book Page 132 Tuesday, May 15, 2018 4:15 PM