![Bosch 060117B400 Скачать руководство пользователя страница 143](http://html.mh-extra.com/html/bosch/060117b400/060117b400_original-instructions-manual_41298143.webp)
Македонски |
143
u
Притиснете во директна линија со бургијата, и без
прекумерен притисок.
Бургијата може да се искриви
и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
u
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар.
Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
u
Цврсто држете го електричниот апарат.
При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
u
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
u
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства.
Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
цигли, бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
одвртување и сечење навои.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2)
Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
(3)
Прекинувач за менување на правецот на вртење
(4)
Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(5)
Копче за контрола на бројот на вртежи
(6)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(7)
Прекинувач за избор на брзина
(8)
Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
a)
(9)
Граничник за длабочина
a)
(10)
Рачка (изолирана површина на рачката)
(11)
Клуч за затегнување на главата за дупчење
(12)
Запчеста глава за дупчење
(13)
Бит за одвртувач
a)
(14)
Универзален држач за битови
a)
(15)
Клуч со внатрешна шестаголна глава
a)
a)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Вибрациони дупчалки
GSB 20-2
GSB 20-2
Број на дел/артикл
3 601 A7B 4..
3 601 A7B 3..
Номинална јачина
W
850
850
Број на вртежи во празен од
– 1. брзина
min
-1
0–1 000
0–1 000
– 2. брзина
min
-1
0–3 000
0–3 000
Номинален број на вртежи
– 1. брзина
min
-1
800
800
– 2. брзина
min
-1
2 060
2 060
Број на удари во празен од
min
-1
51 000
51 000
Номинален вртежен момент
Bosch Power Tools
1 609 92A 55U | (15.02.2021)