садовите, ви препорачуваме да ги
користите таблетите со долги програми.
• Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество. Погледнете го
упатството на производителот на
детергентот.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО САКАТЕ ДА
ПРЕСТАНЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ МУЛТИ-
ТАБЛЕТИ
Пред да започнете засебно да користите
детергент, сол и средство за плакнење
направете ја следната процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
3. Стартувајте ја најкратката програма со
фазата за плакнење. Не додавајте
детергент и не полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата, нагодете го
омекнувачот на вода според тврдоста на
водата во Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното количество
средство за плакнење.
ПОЛНЕЊЕ НА КОРПИТЕ
• Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
• Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, домашни алишта).
• Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
• Омекнете ја преостанатата загорена храна
на предметите.
• Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
• Погрижете се приборот за јадење и
садовите да не се допираат. Измешајте ги
лажиците со другите садови.
• Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
• Ставете ги малите предмети во корпата за
прибор за јадење.
• Ставете ги лесните предмети во горната
корпа. Погрижете се предметите да не се
движат.
• Проверете дали прскалката може да се
движи слободно пред да почнете програма.
ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА
Погрижете се:
• Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
• Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
• Прскалките да не се затнати.
• Да има сол за машини за миење садови и
средство за плакнење (освен ако не
користите комбинирани таблети со
детергент).
• Предметите да се правилно поставени во
корпите.
• Програмата којашто ја користите да важи
за видот на садовите и за степенот на
извалканост.
• Да се користи правилна количина на
детергент.
ПРАЗНЕЊЕ НА КОРПИТЕ
1. Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги вадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
2. Првин испразнете ја долната корпа, а
потоа горната.
На крајот од програмата на
рабовите или на вратата од
апаратот може да има вода.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред
одржување, исклучете го апаратот
и извадете го штекерот за струја
од приклучницата.
Валканите филтри и затнатите
прскалки може да ги намалат
резултатите од миењето. Правете
редовни проверки и, доколку е
потребно, исчистете ги.
57