MK - 26
1.2 Предупредувања за монтирање
Пред да го користите ладилникот прв
пат, внимателно погледнете ги следниве
работи:
• Работниот напон на ладлникот е 220-
240 V при 50 Hz.
• Приклучокот мора да биде достапен по
поставувањето.
• Ладилникот може да има миризба
кога ќе го вклучите првпат. Ова е
вообичаено и миризбата може да
изветрее кога ладилникот ќе почне да
лади.
• Пред да го поврзете ладилникот,
проверете дали информациите
на плочката со податоци (напон и
поврзано напојување) одговараат со
главното напојување за струја. Ако
се сомневате, консултирајте се со
квалификуван електричар.
• Вметнете го приклучокот во штекер со
соодветно заземјување. Ако штекерот
нема заземјување или приклучокот
не соодветствува, ви препорачуваме
да повикате овластен електричар за
помош.
• Апаратот мора да биде поврзан
со правилно поставен штекер со
осигурувач. Напојувањето (AC) и
напонот на работното место мора да
соодветствуваат со деталите посочени
на плочката со номинални вредности
на апаратот (плочката со номиналните
вредности е сместена внатре одлево
на апаратот).
• Не прифаќаме одговорност за штетите
настанати заради употреба без
заземјување.
• Ставете го ладилникот на место
каде што нема да биде изложен на
директна сончева светлина.
• Ладилникот никогаш не смее да се
користи на отворено или да се остава
на дожд.
• Производот треба да биде оддалечен
најмалку 50 cm од шпорети, рерни на
гас и грејни тела и најмалку 5 cm од
електрични рерни.
• Кога го ставате ладилникот
непосредно до уред за длабоко
замрзнување, треба да има барем 2
cm помеѓу нив за да се спречи влага
на надворешната површина.
• Не покривајте го куќиштето со тантела
и не ставајте тантела врз него. Ова ќе
влијае на работата на ладилникот.
• Потребно е да има чист простор
без пречки од најмалку 150 mm над
вашиот апарат. Не ставајте ништо над
вашиот апарат.
• Не ставајте тешки предмети врз
производот.
• Темелно исчистете го апаратот пред
да го користите (видете Чистење и
одржување).
• Пред да го користите ладилникот,
избришете ги сите делови со раствор
со топла вода во којашто ќе додадете
една лажичка сода бикарбона. Потоа
исплакнете ги со чиста вода и исушете
ги. По чистењето вратете ги сите
делови на ладилникот.
• Употребете ги прилагодливите предни
ногарки за да се порамни производот
и да стои стабилно. Може да ги
прилагодувате ногарките вртејќи ги
во која било насока. Ова треба да го
направите пред да ставите храна во
ладилникот.
• Поставете ги двата пластични
разделници (делот со
црни лопатки -
кондензатор - одзади)
вртејќи го за 90° (како
што е прикажано на
сликата) за да спречите
кондензаторот да го
допира ѕидот.
• Растојанието меѓу уредот и ѕидот
одзади мора да биде максимум 75 mm.
1.3 При користење
• Не поврзувајте го ладилникот за
главното напојување со струја со
помош на продолжен кабел.
• Не приклучувајте во оштетени, изабени
или стари штекери.
Summary of Contents for KS 350 F
Page 2: ...ENG KS3750F OPERATING INSTRUCTIONS FRİDGE ...
Page 22: ...MKD KS3750F УПАTСТВА ЗА РАКУВАЊЕ ЛАДИЛНИК ...
Page 42: ...SLV KS3750F NAVODILA ZA UPORABO HLADİLNİK ...
Page 61: ...SRP KS3750F UPUTSTVO ZA UPOTREBU Frižider ...
Page 81: ...HRV BOS KS3750F UPUTE ZA UPORABU HLADNJAK ...
Page 100: ...52351798 ...