Villager
ET 555 (МК)
5.
Алатот не смее да се преоптеретува. Тој ќе работи подобро и побезбедно
доколку се користи во согласност со нормите за кои е наменет.
6.
Користете го вистинскиот алат за работа. Не силете ги малите алати или
додатоците да работат работи кои се предвидени за големите алати. Никогаш
не користете го алатот за било која поинаква цел освен за онаа за која е намен.
7.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит кои може да се
закачат во подвижните делови. Се препорачува носење на гумени ракавици и на
цврсти нелизгачки обувки. Ако имате долга коса, врзете ја.
8.
Носете безбедносна опрема. Секогаш носете заштитни очила и штитници за
уши. Исто така, неопходна е маска за лице за заштита од прашина.
9.
Правилно ракувајте со кабелот за напојување. Никогаш не повлекувајте го
кабелот за да го исклучите кабелот од приклучокот. Заштитете го кабелот од
топлина, масла и од остри рабови.
10.
Чувајте ги своите алати. Алатите треба да бидат чисти за да се постигне подобра
и попрецизна работа, и следете ги инструкциите кои се однесуваат на
подмачкувањето и на замената на додатоците. Периодично прегледајте ги
продолжните кабли и заменете ги ако се оштетени. Држачите на алатите мора
да бидат суви, чисти без траги од масти и масла.
11.
Исклучете го алатот што не се користи. Исклучете ја струјата и извадете го
приклучокот од ѕидниот приклучок пред сервисирањето, кога ги менувате
додатоците и кога не го користите.
12.
Спречете случајно стартување. Секогаш проверете дали е прекинувачот во
позцијата OFF пред да го приклучите алатот во приклучокот. Не носете го
вклучениот алат со прстот на прекинувачот.
13.
Користете продолжни кабли за надворешна употреба. Кога се користи алатот,
користете ги само оние продолжни кабли кои се наменети за надворешна
употреба и кои се така означени.
14.
Бидете внимателни. Внимавајте што правите. Користете здрав разум. Со
електричниот алат не ракувајте кога сте уморни.
15.
Проверете дали има оштетени делови. Пред користењето на алатот проверете
дали има оштетени делови. Aко е некој дел малку оштетен, внимателно
одредете дали ќе работи правилно и дали ќе може да ја извршува својата
функција. Проверете дали се подвижните делови правилно изнивелирани,
запечатени, дали има искршени или оштетени делови кои може да влијаат
на работата на алатот. Штитникот или било кој оштетен дел треба да се
однесе во овластен сервис за да се поправи или замени, освен ако не е
поинаку наведено во ова Упатство за употреба. Оштетените прекинувачи
мора да се заменат во овластениот сервис. Алатот не смее да се користи
доколку прекинувачот не работи правилно.
16.
Заштита од електричен шок. Спречете го контактот на телото со заземјените
предмети како што се цевки за вода, радијатори, шпорети и фрижидери.
17.
Користете само одобрени делови. При сервисирањето користете само
идентични резервни делови. За замена на деловите обратете се во овластен
сервис.
Summary of Contents for ET 555
Page 1: ...Villager ET 555 SI ELEKTRIČNA KOSA Villager ET 555 Originalna navodila za uporabo ...
Page 3: ...Villager ET 555 SI ...
Page 22: ...Villager ET 555 GB GRASS TRIMMER Villager ET 555 Original instructions manual ...
Page 41: ...Villager ET 555 RS TRIMER ZA TRAVU Villager ET 555 Originalno upustvo za upotrebu ...
Page 43: ...Villager ET 555 RS ...
Page 60: ...Villager ET 555 BG ТРИМЕР ЗА ТРЕВА Villager ET 555 Оригинални инструкции за употреба ...
Page 62: ...Villager ET 555 BG ...
Page 81: ...Villager ET 555 GR ΗΛΕΚΤΡΙΚΟ ΧΛΟΟΚΟΠΤΙΚΟ Villager ET 555 Τις αρχικές οδηγίες χρήσης ...
Page 83: ...Villager ET 555 GR ...
Page 103: ...Villager ET 555 GR ...
Page 104: ...Villager ET 555 HR TRIMER ZA TRAVU Villager ET 555 Izvorne upute za uporabu ...
Page 106: ...Villager ET 555 HR ...
Page 124: ...Villager ET 555 МК TРИМЕР ЗА ТРЕВА Villager ET 555 Оригинални упатства за употреба ...
Page 126: ...Villager ET 555 МК ...
Page 145: ...Villager ET 555 SK STRIHAČ NA TRÁVU Villager ET 555 Pôvodný návody na použitie ...
Page 165: ......