51
MK
ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА ЗА УРЕДОТ
Функции
Чистење на целиот уред
Горната слика е прикажана исклучиво во илустративни цели. Реалната конфигурација ќе
зависи од конкретниот производ или изјавата на дистрибутерот.
При топење и чистење, извадете го фрижидерот од струја.
Стартувајте ги контролните копчиња за да ја прилагодите температурата во комората за ладење.
Доколку е копчето подесено на позицијаu
, температурата во комората за ладење ќе биде
пониска
Доколку е копчето подесено на позиција
, температурата во комората за ладење ќе биде
повисока.
Доколку е копчето подесено на позиција
, фрижидерот ќе престане да работи.
Забелешка: Ставањето на преголеми количини на храна во уредот по првото приклучување во напон
може неповолно да влијае на учинокот на замрзнување на фрижидерот. Храната не смее да го блокира
отворот за излез на воздух, бидејќи тоа може неповолно да влијае на постапката на замрзнување.
• За да го унапредите ефектот на ладење и штедење на енергија, редовно чистете ја прашината
зад фрижидерот и од подлогата.
• Редовно проверувајте ја заптивката на вратата за да бидете сигурни дека на неа нема
нечистотии. Исчистете ја заптивката на вратата со мека крпа натопена во вода со сапуница или
разблажен детергент.
• За да избегнете создавање на непријатни мириси, редовно чистете ја внатрешноста на
фрижидерот.
• Пред да започнете со чистење на внатрешноста на фрижидерот, исклучете го од струја и
извадете ја целата храна, пијалаци, полици, фиоки, итн.
• За чистење на внатрешноста на фрижидерот користете мека крпа или сунѓер со две супени
лажици сода бикарбона во една четвртина литри топла вода. Потоа измијте го со вода и
избришете го. По чистењето, отворете ја вратата и пред да го приклучите уредот на напојување,
оставете го природно да се исуши.
• За чистење на тешко достапните делови од фрижидерот (како тесни отвори, прорези или агли),
се преопрачува редовно бришење со мека крпа, мека четка, итн., по потреба во комбинација со
некој помошен алат (како тенки стапчиња), со што на наведените места се спречува акумулација
на контаминанти и бактерии.
• Не користете сапун, детергент, абразивен прав за чистење, средства за чистење во спреј,
итн., бидејќи наведените средства може да доведат до создавање на непријатни мириси во
внатрешноста на фрижидерот или контаминација на храната.
• Чистете ја полицата за шишиња, полиците и фиоките со помош на меки крпи намокрени со вода
со сапуница или разблажен детергент. Исушете ги со мека крпа или оставете природно да се
исуши.
• Пребришете ги надворешните површини на фрижидерот со мека крпа натопена во вода со
сапуница, детергент, итн., а потоа исушете ги со крпа.
• Не користете тврди четки, челични жици за чистење, жичени четки, абразивни средства (како
паста за заби), органски растворувачи (како алкохол, ацетон, масло од банана итн.), вода
што врие, кисели или алкални средства при чистењето на фрижидерот, со оглед на тоа што
наведените средства може да ги оштетат површините и внатрешноста на фрижидерот. Водата
што врие и органските растворувачи, како бензен, може да ги деформираат или оштетат
деловите од пластика.
• При чистењето, немојте да ги испирате површините директно со вода или други течности, за
да избегнете појава на краток спој или оштетување на материјалите што прават електрична
изолација, предизвикани од натопување.
Summary of Contents for RI2700M
Page 80: ...tesla info ...