80
MKD
Жичено поврзување
За жичено поврзување:
1. Проверете дали имате:
–
Етернет-кабел чија должина овозможува
приклучување на ТВ-уредот
–
Рутер или модем со достапна порта за
етернет
–
Интернет-конекција со голема брзина
–
Порт за етернет (LAN) на задниот дел од
ТВ-уредот
2. Поврзете го својот етернет-кабел на рутерот
и на портот за етернет на задниот дел од
ТВ-уредот.
3. Конфигурирајте го ТВ-уредот со помош на
менито М
режа (Network)
.
Поврзување на безжична мрежа
За поврзување на безжична мрежа:
1. Проверете дали имате:
–
Рутер што емитува безжичен сигнал со
голема брзина
–
Интернет-конекција со голема брзина
2. Конфигурирајте го ТВ-уредот со помош на
менито
Мрежа (Network)
.
Router
Ethernet
Port on the
back panel
or
TV set
TV set
Wireless Router
Built-in wireless
connection
Modem
Internet
Modem
Internet
Иницијални нагодувања
Употреба на почетниот екран
Кога првпат ќе го вклучите ТВ-уредот, ќе се активира опцијата Иницијални нагодувања што ќе ве
спроведе низ иницијалниот процес на нагодување. Следете ги упатствата што се прикажани на
екранот за да може да го комплетирате процесот на иницијалното нагодување што вклучува избор
на јазик, пребарување канали и уште многу друго. При секој чекор може да направите избор или да
го прескокнете дадениот чекор. Ако прескокнете чекор, даденото нагодување може да го направите
дополнително од менито за нагодувања.
Забелешка:
Ова упатство е наменето за општа употреба. Цифрите и сликите во рамките на ова
Корисничко упатство се прикажани исклучително за илустративни цели и може да се разликуваат од
изгледот на реалниот производ. Кај одредени модели не се достапни одредени опции.
Поврзување на мрежата
За да пристапите до интернет, од својот провајдер на интернет-услуги мора да обезбедите услуга на
широкопојасен интернет со голема брзина.
Својот ТВ-уред може да го поврзете на својата домашна мрежа на два начина:
• Со кабел, со помош на RJ45 (LAN) конектор на панелот на задната страна.
• Безжично, со помош на интерен безжичен рутер и со својата домашна безжична мрежа.
Забелешка:
Долунаведените упатства претставуваат вообичаени начини на поврзување на вашиот
ТВ-уред на жичена или на безжична мрежа. Начинот на поврзување може да се разликува во зависност
од реалната конфигурација на вашата мрежа. Ако имате какво било прашање во врска со вашата
домашна мрежа, обратете му се на својот интернет-провајдер.