безбедносни информации
_9
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО
Кога машината за перење ќе се контаминира со надворешна супстанца како што е детергент,
нечистотии, отпадоци од храна итн., извлечете го кабелот за напојување и исчистете ја
машината за перење користејќи влажна и мека крпа.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до избледување, деформирање,
оштетување или 'рѓа.
Предното стакло може да се скрши од силен удар. Бидете внимателни додека ја користите
машината за перење.
- Ако стаклото е скршено, може да предизвика повреди.
По прекинување на доводот за вода или при повторно поврзување на цревото за довод на
вода, полека отворете ја славината.
Отворете ја славината полека доколку машината не сте ја користеле подолг период.
- Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во цевката за вода може да
предизвика оштетување на некој дел или истекување на вода.
Ако настане грешка во одводот при функционирањето, проверете дали има проблем со
одводот.
- Ако ја користите машината за перење кога е преплавена како последица на проблем со
одводот, тоа може да предизвика електричен удар или пожар поради електрично
истекување.
Целосно ставете ги алиштата во машината за перење за да не се потфатат на вратата.
- Доколку алиштата се потфатат на вратата, тоа може да предизвика оштетување на
алиштата или машината за перење, или да предизвика истекување на водата.
Осигурајте се дека славината е исклучена кога не ја користите машината за перење.
- Осигурајте се дека завртката на приклучокот на цревото за довод на вода е добро затегнат.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до оштетување на околината или
повреда.
Проверете дали гумената изолациона лента и стаклото на предната врата не се контаминирани
со надворешна супстанца (на пр. отпад, навој, влакна итн.)
- Доколку некоја надворешна супстанца се заглави помеѓу вратата или вратата не се затвори
целосно, може да дојде до истекување на вода.
Отворете ја славината и проверете дали приклучокот на цревото за довод на вода е цврсто
затегнат и дали има истекување на вода пред да почнете да го користите производот.
- Доколку завртките на приклучокот на цревото за довод на вода се лабави, може да
предизвикаат истекување на вода.
За да го намалите ризикот од пожар или експлозија:
- Под одредени услови, хидрогенскиот гас може да се создаде во системи со жешка вода
како кај вашиот грејач за топла вода кој не бил користен повеќе од две недели.
ХИДРОГЕНСКИОТ ГАС МОЖЕ ДА ЕКСПЛОДИРА. Доколку вашиот систем за топла вода не
бил користен подолго од две недели, отворете ги сите славини за топла вода во вашиот дом
и пуштете неколку минути да истече водата пред да ја употребите машината за перење. Со
ова ќе се испушти создадениот хидрогенски гас. Бидејќи хидрогенскиот гас е запалив, не
пушете цигари и не палете оган за ова време. Доколку има испуштање на гас веднаш
проветрете ја просторијата без допирање на приклучокот за напојување.
Апаратот е наменет само за домашна употреба и домашни потреби.
Користењето за деловни потреби се смета за несоодветна употреба на производот. Во тој
случај, стандардната гаранција која ја обезбедува компанијата Samsung нема да го покрие
производот и компанијата Samsung нема да преземе одговорност за дефекти или оштетувања
кои ќе настанат поради соодветната употреба.
ВНИМАНИЕ
WF1802LSW-03265B-01_MK.indd Sec2:9
WF1802LSW-03265B-01_MK.indd Sec2:9
2013-02-20
9:48:31
2013-02-20
9:48:31