Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор
или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде
изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз
овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или
електричен удар.
• Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за
да добиете повеќе информации доколку планирате да го
инсталирате телевизорот на место со многу прав, високи или
ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци
или на места каде што ќе се користи во период од 24 часа
како на аеродроми, железнички станици итн. Во спротивно
може да предизвикате сериозни оштетувања на телевизорот.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
Монтирање на телевизорот на ѕид
Ако го монтирате овој телевизор на ѕид, тогаш
придржувајте се строго до инструкциите што
ги наведува производителот. Доколку не
се монтира правилно, телевизорот може да
излезе од лежиштето или да падне, а притоа
да предизвика сериозни повреди кај деца или
возрасни и сериозни оштетувања на телевизорот.
• За да го нарачате комплетот со ѕиден носач на Samsung,
контактирајте со сервисниот центар на Samsung.
• Компанијата Samsung не е одговорна за оштетувањата
на производот или повредите кај вас или другите лица,
доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на
производот или личните повреди што може да настанат
при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA
стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи
кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој
е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите
ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс
картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете
дополнителни информации. Ако го поставите телевизорот
на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и
да предизвика сериозни повреди.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви
препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA завртки.
• Ако сакате да инсталирате комплет со ѕиден носач што
се монтира на ѕид само со две завртки на горниот дел,
тогаш користете комплет со ѕиден носач од Samsung
што поддржува ваков вид на инсталација. (Ваков вид
на комплет со ѕиден носач може да не биде достапен за
купување во зависност од географската област.)
• Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани
во табелата на
Quick Setup Guide.
Не го монтирајте ѕидниот носач додека телевизорот
е вклучен. Тоа може да предизвика лични повреди
како последица на електричен удар.
• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните
димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за
спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги
можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA
стандардите за спецификација на завртките, должината
на завртките може да се разликува во зависност од
спецификациите на ѕидниот носач.
• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин
производот може да се оштети или, пак, да падне и
да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси
одговорност за овој вид на несреќи.
• За монтирање на телевизорот на ѕид секогаш се потребни
две лица.
–
За монтирање на телевизорите од 82 инчи или
поголеми на ѕид се потребни четири лица.
Обезбедување на соодветна вентилација за вашиот телевизор
При инсталирање на вашиот телевизор, одржувајте растојание
од најмалку 10
cm
помеѓу телевизорот и останатите објекти
(ѕидови, страните на комодата итн.) за да овозможите соодветна
вентилација. Доколку не одржувате соодветна вентилација, тоа
може да предизвика пожар или проблем кај производот кој ќе
настане поради зголемување на неговата внатрешна температура.
• Ако за инсталацијата на телевизорот користите држач или
ѕиден носач, строго ви препорачуваме да користите делови
обезбедени само од компанијата Samsung. Користењето
делови од друг производител може да предизвика
неправилна работа на производот или може да дојде до
повреда предизвикана од неисправност на уредот.
Мерка за безбедност
Внимание
: Повлекувањето, туркањето
или качувањето на телевизорот може да
предизвика паѓање на телевизорот. Особено
внимавајте вашите деца да не се држат за
телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова
движење може да доведе до превртување
на телевизорот, предизвикувајќи сериозни
повреди или смрт. Придржувајте се до сите
безбедносни мерки кои се наведени во
безбедносниот леток кој се испорачува со
вашиот телевизор. За поголема стабилност и
безбедност може да го купите и инсталирате
системот што спречува паѓање на уредот,
погледнете во „Мерки со кои ќе спречите
паѓање на телевизорот“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Никогаш не го поставувајте
телевизорот на нестабилно место. Телевизорот може
да падне и да предизвика сериозни повреди или
смрт. Многу повреди, особено кај децата, можат
да се избегнат со преземање неколку едноставни
мерки на претпазливост, како на пример:
Македонски - 3
Мак
ед
онски
Summary of Contents for UE85BU8072
Page 9: ...This page is intentionally left blank...
Page 17: ...Az oldal sz nd kosan res...
Page 25: ...Ta strona jest celowo pusta...
Page 26: ...e Manual e Manual Samsung Samsung l 2...
Page 28: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 29: ...01 Samsung CI Card Quick Setup Guide 02 SAMSUNG Q7 B Q8 B QN8 B QN9 B 5...
Page 32: ...H Hg Cd Pb 2006 66 USB www samsung com global ecodesign_energy 8...
Page 33: ......
Page 34: ...e Manual Samsung II AC AC DC DC Samsung l 2...
Page 36: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 37: ...01 Samsung Smart CI Card Quick Setup Guide 02 SAMSUNG A B Q7 B Q8 B QN8 B QN9 B 5...
Page 40: ...Hg Cd Pb 2006 66 USB www samsung com global ecodesign_energy 8...
Page 41: ......
Page 49: ...Ova je stranica namjerno ostavljena praznom...
Page 57: ...Tato str nka je pr zdn z m rn...
Page 65: ...T to strana je vynechan z merne...
Page 73: ...Aceast pagin este inten ionat l sat goal...
Page 81: ...Ova stranica je namerno ostavljena praznom...
Page 89: ...Kjo faqe sht l n q llimisht bosh...
Page 90: ...e Manual e Manual Samsung II AC AC DC DC Samsung l 2...
Page 92: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 93: ...01 Samsung Smart CI Quick Setup Guide 02 SAMSUNG Q7 B Q8 B QN8 B QN9 B 5...
Page 96: ...Hg Cd Pb 2006 66 EC USB www samsung com global ecodesign_energy 8...
Page 97: ......
Page 105: ...Ta stran je namenoma prazna...
Page 113: ...lapa ar nol ku ir atst ta tuk a...
Page 121: ...is puslapis specialiai paliktas tu ias...
Page 129: ...See leht on j etud tahtlikult t hjaks...
Page 130: ...See leht on j etud tahtlikult t hjaks...