Телевизорот не може да се вклучи.
• Проверете дали AC-кабелот за напојување е добро
приклучен во телевизорот и во ѕидниот приклучок.
• Проверете дали ѕидниот приклучок за напојување
функционира и дали сензорот за далечинскиот управувач
на долната страна на телевизорот е вклучен и свети
непрекинато во црвена боја.
• Обидете се да го притиснете копчето
ТВ-контролор
на
долната страна на телевизорот за да проверите дали има
проблем со далечинскиот управувач. Доколку телевизорот
се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач
не функционира”.
Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали индикаторот за напојување на долната
страна на телевизорот трепка кога ќе го притиснете
копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не
трепка, заменете ги батериите на далечинскиот управувач.
• Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен
во точната насока.
• Се препорачуваат алкални батерии за подолг работен век.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач
директно кон телевизорот на оддалеченост од
1,5-1,8 m.
Еко сензор и осветленост на екранот
Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува
осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери
светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира
осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката
на енергија. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете во
>
Поставување
>
Општо
>
Еко решение
>
Откривање
амбиентална светлина
.
• Еко сензорот се наоѓа на долната страна на телевизорот. Не
го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може
да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
04
Спецификации и други
информации
Спецификации
Резолуција на екранот
3840 x 2160
Звук (излез)
20 W
Работна температура
10 °C до 40 °C (50 °F до 104 °F)
Работна влажност
10 % до 80 %, без кондензација
Температура на чување
-20 °C до 45 °C (-4 °F до 113 °F)
Влажност на чување
5 % до 95 %, без кондензација
Забелешки
• Овој уред е дигитален апарат од класа Б.
• За повеќе информации во врска со напојувањето и
потрошувачката на енергија, погледнете ги информациите
на налепницата залепена на производот.
–
Кај повеќето модели етикетата е закачена на задната
страна на телевизорот. (Кај некои модели етикетата е во
капакот за приклучоци.)
• Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC
62087.
• За да приклучите LAN-кабел, користете кабел CAT 7 (*тип
STP) за поврзувањето. (100/10 Mbps)
* Shielded Twisted Pair
• Можно е да ви наплатат дополнително во следните
ситуации:
(a) Ако повикате инженер, но не е пронајден дефект
на производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале
прирачникот за користење).
(b) Ако го однесете уредот во сервисниот центар на
Samsung, каде што ќе се утврди дека нема дефект на
производот (т.е., во случај кога не сте го прочитале
прирачникот за користење).
• Пред да ве посети техничкото лице, ќе бидете известени за
сумата на административните трошоци.
После поправката од страна на неовластен сервис, само-
поправка или непрофесионална поправка на производот,
Samsung не е одговорен за каква било штета на производот,
за каква било повреда или за кое било друго прашање во
врска со безбедност на производот предизвикано од обид за
поправка при што не се следени внимателно овие упатства
за поправка и одржување. Секое оштетување на производот
предизвикано од обид да се поправи производот од кое било
друго лице, освен овластени сервисни центри на Samsung,
нема да бидат опфатени со гаранцијата.
Посетете ја samsung.com/support за да пронајдете
понатамошни информации за надворешниот адаптер
за напојување и далечинскиот управувач во врска со
Директивата на ЕУ Екодизајн - регулатива ЕРП
Македонски - 6
Summary of Contents for TU7092
Page 20: ...e Manual e Manual Samsung Samsung l 2...
Page 22: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 26: ...e Manual Samsung II AC AC DC DC Samsung l 2...
Page 27: ...Samsung 24 Samsung Samsung VESA VESA Samsung Quick Setup Guide VESA VESA Samsung 10 Samsung 3...
Page 28: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 29: ...01 AAAx 2 CI Card 02 SAMSUNG 03 e Manual e Manual www samsung com Samsung TFTLED 5...
Page 68: ...e Manual e Manual Samsung II AC AC DC DC Samsung l 2...
Page 70: ...Samsung 1 2 Quick Setup Guide 3 Samsung 4...
Page 71: ...01 AAAx 2 CI 02 SAMSUNG 03 e Manual e Manual www samsung com Samsung TFTLED 5...
Page 98: ...See leht on j etud tahtlikult t hjaks...