Македонски 35
Инсталирање
ЧЕКОР 5 Почетни поставувања
Со комплетирање на следните чекори, фрижидерот треба да биде целосно подготвен за работа.
1.
Извадете го стиропорот, поставен за заштита на фрижидерот при транспорт, од сите агли на полиците.
2.
Вклучете го кабелот за напојување во ѕидниот приклучок за да го вклучите фрижидерот.
3.
Отворете ја вратата и проверете дали свети внатрешното светло.
4.
Поставете ја температурата на најладна и почекајте околу еден час. Потоа фрижидерот ќе се излади малку
и моторот ќе работи рамномерно.
5.
Почекајте додека фрижидерот не ја постигне поставената температура. Сега фрижидерот е подготвен за
користење.
ЗАБЕЛЕШКА
При вклучување на фрижидерот ќе се активира звучен аларм. За да го исклучите алармот, допрете
или
.
ЧЕКОР 6 Аларм за температура (само за соодветни модели)
•
Кога температурата на замрзнувачот е претопла
поради прекин на напојувањето, екранот трепка
како што е прикажано на сликата.
- Ако допрете некое копче ( , или
), на екранот 5 секунди трепка „најтоплата
температура“ во замрзнувачот и во комората.
•
Предупредувањето може да се појави:
- кога апаратот се вклучува првпат по
инсталацијата.
- ако замрзнувачот е претопол поради прекин
на напојувањето.
ЧЕКОР 7 Крајна проверка
Кога ќе завршите со инсталирањето, проверете дали:
•
Фрижидерот е вклучен во електричен приклучок и е правилно заземјен.
•
Фрижидерот е инсталиран на рамна, нивелирана површина со соодветна оддалеченост од ѕидот или од
кујнскиот елемент.
•
Фрижидерот е нивелиран и е добро поставен на подот.
•
Вратата лесно се отвора и затвора и внатрешното светло автоматски се вклучува кога ќе ја отворите
вратата.
Untitled-9 35
2021-06-02 2:42:59
344 / 466