Пред да го прочитате
прирачникот за користење
Телевизорот се испорачува со овој прирачник за користење и
вграден e-Manual (
>
Поставување
>
e-Manual
).
Предупредување! Важни
безбедносни инструкции
Ве молиме прочитајте ги безбедносните инструкции пред
да започнете да го користите вашиот телевизор. Погледнете
ја табелата подолу за да го дознаете објаснувањето за
симболите со кои може да биде обележан вашиот производ
од Samsung.
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР. НЕ ОТВОРАЈТЕ.
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД
ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ
(НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА
ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА
КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА
КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Овој симбол посочува дека во
внатрешноста има висок напон. Опасно
е да доаѓате во каков било контакт со
внатрешните делови на овој производ.
Овој симбол означува дека со овој
производ се испорачува важна литература
во врска со неговото функционирање и
одржување.
Производ од класа II: Овој симбол
означува дека не е потребно безбедносно
заземјување. Ако овој симбол не е
присутен на производот со кабел за
напојување, тогаш тој производ МОРА да
биде приклучен во штекер со заземјување.
AC напон: Номиналниот напон означен со
ваков симбол е наизменичен (AC) напон.
DC напон: Номиналниот напон означен со
ваков симбол е еднонасочен (DC) напон.
Внимание. Погледнете во инструкциите за
користење: Овој симбол му наложува на
корисникот да погледне во прирачникот за
користење за дополнителни информации
поврзани со безбедноста.
Напојување
• Не оптоварувајте ги ѕидните приклучоци за струја,
продолжителните кабли или адаптерите со надминување
на нивниот капацитет. Тоа може да предизвика пожар или
електричен удар.
Погледнете го делот со спецификации за напојувањето од
прирачникот и/или ознаката за напојување на производот
за информации за напонот и амперажата.
• Каблите за напојување треба да се постават на начин со
кој ќе се избегне нивното газење или приклештување
со предмети кои се поставени врз или до нив. Обрнете
посебно внимание на приклучоците на краевите од
кабелот, ѕидните приклучоци за струја и местата на кои
излегуваат од уредот.
• Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените
делови на овој уред. Ова може да предизвика електричен
удар.
• За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја
внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар
смее да го отвора овој уред.
• Приклучете го кабелот за напојување дури откако ќе
го прицврстите уредот. Кога го исклучувате кабелот за
напојување од ѕиден приклучок за струја, секогаш влечете
за приклучокот на кабелот за напојување. Никогаш не
исклучувајте го со влечење на самиот кабел. Не допирајте
го кабелот за напојување со влажни раце.
• Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него
се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја
миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете
се кај овластениот продавач или во сервисен центар на
Samsung.
• За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го
оставите долго време да не се надгледува и да не се
користи (особено кога дете, постаро лице или лице со
посебни потреби се оставени сами), извадете го кабелот од
ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или
кабелскиот систем.
–
Насобраниот прав може да предизвика електричен
удар, истекување на струја или пожар, бидејќи поради
правта кабелот за напојување може да создаде искри
и топлина или изолацијата може да ги изгуби своите
својства.
• Користете само соодветно заземјени приклучоци и
штекери.
–
Неправилното заземјување може да предизвика
електричен удар или оштетување на опремата. (само
опрема од класа l.)
• За да го исклучите целосно овој уред, извадете го
неговиот кабел од ѕидниот штекер. За да можете брзо да
го исклучите кабелот за напојување на уредот доколку
има таква потреба, овозможете лесен пристап до ѕидниот
штекер и приклучокот за напојување.
Македонски
Македонски - 2
Summary of Contents for QE55QN90AATXXH
Page 9: ...This page is intentionally left blank ...
Page 17: ...Az oldal szándékosan üres ...
Page 25: ...Ta strona jest celowo pusta ...
Page 33: ...Αυτή η σελίδα έχει μείνει σκόπιμα κενή ...
Page 41: ...Тази страница е нарочно оставена празна ...
Page 49: ...Ova je stranica namjerno ostavljena praznom ...
Page 57: ...Tato stránka je prázdná záměrně ...
Page 65: ...Táto strana je vynechaná zámerne ...
Page 73: ...Această pagină este intenţionat lăsată goală ...
Page 81: ...Ova stranica je namerno ostavljena praznom ...
Page 89: ...Kjo faqe është lënë qëllimisht bosh ...
Page 97: ...Оваа страница е намерно оставена празна ...
Page 105: ...Ta stran je namenoma prazna ...
Page 113: ...Šī lapa ar nolūku ir atstāta tukša ...
Page 121: ...Šis puslapis specialiai paliktas tuščias ...
Page 129: ...See leht on jäetud tahtlikult tühjaks ...
Page 130: ...See leht on jäetud tahtlikult tühjaks ...