8
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ
Користете садови исклучиво наменети за употреба
во микробранови печки; НЕ употребувајте метални
садови, тенџериња со златни и сребрени делови,
ражен, вилушки и сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични
ќеси.
Причина: Електрично празнење или искри може да
предизвикаат оштетување на печката.
Кога загревате храна во пластични или хартиени
кеси, внимавајте да не дојде до палење;
Не сушете весници или облека во микробрановата
печка.
Користете пократки времиња за помали количини
на храна за да спречите прегревање и горење на
храната.
Ако се појави чад, исклучете го уредот или
прекинете го напојувањето и оставете ја вратата
затворена за да се изгасне пламенот;
Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите
остатоци од храна;
Не го потопувајте кабелот или приклучокот
за напојување во вода и држете го кабелот за
напојување подалеку од топлина.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да
се загреваат во микробрановата печка, бидејќи
може да експлодираат, дури и ако печката повеќе
не е вклучена; Исто така, не загревајте херметички
или вакуумирани шишиња, тегли, садови, ореви со
лушпа, домати и сл.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа
или весници. Тие може да се запалат од топлиот
воздух кој излегува од внатрешноста на печката.
Исто така, печката може да се прегрее и автоматски
да се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не
се излади доволно.
Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад
од печката за да не добиете изгореници.
Не допирајте ги загреаните делови или
внатрешноста на печката сè додека не се оладат.
Промешајте ги течностите при загревањето или по
завршување на загревањето и оставете го садот со
течности најмалку 20 секунди по загревањето за да
спречите превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја
отворате вратата за да не добиете изгореници од
жешкиот возудх или пареата која излегува.
Не употребувајте ja микробрановата печка кога е
празна. Микробрановата печка автоматски ќе се
исклучи за 30 минути заради безбедносни причини.
Ви препорачуваме постојано да ставате чаша со
вода во печката за апсорбирање на микробрановата
енергија доколку микробрановата печка случајно се
активира.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри
метални жици за чистење на стаклото од вратата на
печката кои може да го оштетат и да придонесат тоа
да се скрши.
Инсталирајте ја печката во согласност со
слободниот простор кој е наведен во ова
упатство. (погледнете го делот за инсталирање на
микробрановата печка.)
Внимавајте при приклучувањето на останатите
електрични уреди во штекер во близина на печката.
ME82V-BOL-03910C_MK.indd 8
2011-02-01 12:38:12
Summary of Contents for ME82V
Page 15: ...15 БЪЛГАРСКИ БЕЛЕЖКИ БЕЛЕЖКИ ME82V BOL 03910C_BG indd 15 2011 02 01 12 36 00 ...
Page 31: ...15 HRVATSKI MEMORANDUM MEMORANDUM ME82V BOL 03910C_HR indd 15 2011 02 01 12 37 21 ...
Page 47: ...15 МАКЕДОНСКИ БЕЛЕШКИ БЕЛЕШКИ ME82V BOL 03910C_MK indd 15 2011 02 01 12 38 14 ...
Page 63: ...15 ROMÂNĂ NOTE NOTE ME82V BOL 03910C_RO indd 15 2011 02 01 12 39 04 ...
Page 79: ...15 SRPSKI PODSETNIK PODSETNIK ME82V BOL 03910C_SR indd 15 2011 02 01 12 40 29 ...
Page 94: ...14 ENGLISH MEMO ME82V_BOL 03910C_EN indd 14 2011 02 01 12 34 05 ...
Page 95: ...15 ENGLISH MEMO ME82V_BOL 03910C_EN indd 15 2011 02 01 12 34 05 ...