519
Инструкции за монтирање
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Инструкции за монтирање
Основен ѕиден држач
Избирање локација за монтирање
Основниот ѕиден држач е дизајниран за
монтирање и во внатрешен и во надворешен
простор.
Мора да се земат предвид следните критериуми
кога избирате соодветна локација замонтирање:
– По можност, инсталирајте ја електричната
приклучница и монтирајте го основниот ѕиден
држач во покриена област заштитена од
директно сончево зрачење и дожд
(на пр. во гаража).
– Не прскајте го основниот ѕиден држач
директно со вода (на пр. опрема за чистење со
висок притисок или црева за градина).
– Не монтирајте го основниот ѕиден држач под
блокирани или висечки предмети.
– Не монтирајте го основниот ѕиден држач во
штали, објекти со добиток или локации каде
има испарување на амонијак.
– Монтирајте го основниот ѕиден држач на
рамна површина.
– За да се овозможи безбедно прицврстување,
проверете ја состојбата на ѕидот пред
монтирањето.
– Монтирајте го основниот ѕиден држач, така
што да не биде блиску до водовите, а каблите
за полнење да не поминуваат преку било какви
водови.
– Монтирајте го основниот ѕиден држач, така
што растојанието помеѓу приклучокот за
напојување и приклучницата да не ја
надминува должината на достапниот кабел за
напојување.
– Инсталирајте ја електричната приклучница
што е можно поблиску до преферираната
позиција за паркирање на возилото. Земете ја
предвид ориентацијата на возилото.
– Растојанието на електричната приклучница од
подот и таванот треба да се избере во
согласност со националните регулативи
и стандарди, така што ќе се овозможи
комфорно користење.
f
Видете во поглавјето „Безбедносни
инструкции“ на страница 504.
Потребни алати
– Либела
– Бормашина или хилта
– Шрафцигер
Монтирање на основниот ѕиден држач
Слика 8: Димензии на продупчување
1.
Означете ги дупките за продупчување на
ѕидот.
2.
Продупчете ги дупките за монтирање
и ставете ги клиновите за ѕид.
3.
Притиснете го ѕидниот држач
2
од напред во
каналот за кабел
1
.
4.
Навртете го ѕидниот држач на ѕидот.
ОПАСНОСТ
Струен удар, пожар
Несоодветно користење на полначот или
неусогласеност со безбедносните инструкции
може да предизвика кратки споеви, струјни удари,
експлозии, пожар или изгореници.
e
Не монтирајте го основниот ѕиден држач во
потенцијално експлозивни атмосфери.
e
За да се намали ризикот од експлозија -
особено во гаражи - осигурете се дека
контролната единица за време на полнењето
е лоцирана најмалку 50 cm над подот.
e
Имајте ги предвид локално применливите
регулативи за електрична инсталација,
противпожарните мерки, регулативите за
заштита од незгоди и рутите за бегство.
9Y0000003B-EU.book Page 519