504
Прирачник за употреба
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Прирачник за употреба
Безбедносни инструкции
Почитувајте ги следните инструкции и препораки
со цел да гарантирате непопречено полнење со
полначот:
– Пред монтирање, проверете дали
електричната енергија потребна за полнење на
возилото може континуирано да се обезбедува
со домашната инсталација достапна во
моментот. Ако е потребно, заштитете ја
домашната инсталација со Систем за
управување со енергија во домот.
ОПАСНОСТ
Струен удар, краток
спој, пожар, експлозија
Користењето на оштетен или дефектен кабел за
полнење или на оштетена или дефектна
електрична приклучница, несоодветното
користење на полначот или непочитувањето на
безбедносните инструкции може да предизвика
кратки споеви, струјни удари, експлозии, пожар
или изгореници.
e
Не користете оштетен и/или извалкан полнач.
Проверете го кабелот и поврзувањето на
приклучокот од оштетување и нечистотија
пред употреба.
e
Поврзувајте го полначот само со правилно
инсталирани и неоштетени електрични
приклучници и електрични инсталации без
дефект.
e
Не користете продолжни кабли, намотки за
кабел, продолжни кабли со повеќе
приклучници или адаптери (за патување).
e
За време на бури, отстранете го полначот од
електричната мрежа.
e
Не менувајте и не поправајте било кој од
електричните компоненти.
e
Никогаш
не потопувајте го полначот во вода
и не прскајте директно со вода (на пр. опрема
за чистење со висок притисок или црева за
градина).
e
Опремата за полнење чистете ја само кога
контролната единица е целосно исклучена од
напојувањето од електричната мрежа или од
возилото. Користете сува крпа за чистење.
ОПАСНОСТ
Струен удар, пожар
Неправилно инсталираните електрични
приклучници може да предизвикаат струен удар
или пожар кога високонапонската батерија се
полни со помош на отворот за полнење на возилото.
e
Само квалификуван електричар смее да врши
инсталација и иницијално ракување на
електричната приклучница за полначот.
Квалификуваниот електричар е целосно
одговорен за усогласеноста со релевантните
стандарди и регулативи.
e
Напречниот пресек на електричниот кабел за
електричната приклучница мора да се
дефинира во согласност со должината на
жиците и со локално применливите
регулативи и стандарди.
e
Електричната приклучница која се користи за
полнење мора да се поврзе со одделно
снабдено електрично коло кое е во согласност
со локалните закони и стандарди.
e
Полначот е наменет да се користи во приватни
и полу-јавни области, на пример: приватни
имоти или компаниски паркинзи за
автомобили. Во некои земји, на пр. во Италија
и Нов Зеланд
1)
, полнење со режим 2
е
забрането
во јавни области. Дополнителни
информации се достапни квалификувана
стручна сервисна работилница или кај вашиот
локален снабдувач со електрична енергија.
e
Неовластени лица (на пр. деца кои си играат)
не смеат да имаат пристап до полначот
и возилото за време на полнење без надзор.
e
Ве молиме прочитајте ги безбедносните
инструкции во Инструкциите за монтирање
и во Прирачникот за употреба.
1) Време на печатење. Дополнителни информации се
достапни во квалификувана стручна сервисна
работилница. Porsche препорачува партнер на
Porsche бидејќи тој има обучен персонал во
сервисната работилница, како и потребните делови
и алати.
ОПАСНОСТ
Струен удар, пожар
Неправилното ракување со контактите на
приклучокот може да доведе до струен удар или
пожар.
e
Не допирајте ги контактите на отворот за
полнење и полначот на возилото.
e
Не внесувајте никакви предмети во отворот за
полнење или полначот на возилото.
e
Заштитете ги електричните приклучници
и приклучоците од влага, вода и други
течности.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запаливи или
експлозивни пареи
Компонентите на полначот може да предизвикаат
искри и да запалат запаливи или експлозивни
пареи.
e
За да се намали ризикот од експлозија -
особено во гаражи - осигурете се дека
контролната единица за време на полнењето
е лоцирана најмалку 50 cm над подот.
e
Не монтирајте го полначот во потенцијално
експлозивни области.
9Y0000003B-EU.book Page 504