- За време на програмата за чистење (која трае
приближно 10 минути), симболот за чистење
трепка.
- Кога ќе заврши програмата за чистење,
симболот за подготвеност ќе засвети во
континуитет.
- Симболот за батерија ќе засвети во
континуитет како знак дека бричот е целосно
наполнет. Ова трае приближно 1 час.
Забелешка: Доколку го притиснете копчето
за вклучување/исклучување на системот
SmartClean за време на програмата за
чистење, програмата ќе запре. Во овој случај,
симболот за чистење ќе запре со трепкањето.
Забелешка: Доколку го
отстраните адаптерот од ѕидниот штекер за
време на програмата за чистење, програмата ќе
запре.
Забелешка: 30 минути откако ќе заврши
програмата за чистење и полнењето, системот
SmartClean се исклучува автоматски.
5
За да се исуши бричот, можете да го
оставите во системот SmartClean с до
наредното бричење. Исто така, можете
да го отстраните бричот од системот
SmartClean, да го протресете вишокот вода,
да ја отворите единицата за бричење и да
го оставите бричот да се суши.
МАКЕДОНСКИ
317