9
MK: МЕЛНИЦА ЗА КАФЕ |
Упатство за употреба
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Кога го користите Вашиот електричен апарат, секогаш треба да ги почитувате основните мерки на претпазливост,
вклучувајќи:
1.
Прочитајте ги сите упатства.
2.
Пред употреба, проверете дали напонот на штекерот одговара на номиналниот напон што е наведен на
налепницата со спецификации.
3.
Не користете апарат со оштетен кабел или приклучок или откако апаратот одбил да работи по паѓање или
оштетување на кој било начин. Oднесете го апаратот во најблискиот овластен сервис за проверка, за поправка
или за електрично или рачно подесување.
4.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој треба биде заменет од производителот, негов претставник за сервис или
слични квалификувани лица, за да избегне секаква опасност.
5.
Исклучете го апаратот од штекер кога не е во употреба, пред склопување или расклопување на делови или пред
чистење.
6.
Не дозволувајте кабелот да виси преку раб на маса или да допира жешки површини.
7.
Не потопувајте ја моторната единица во течност и не ставајте ја во машина за садови. Ако апаратот е потопен во
течност или исполнет со течност, тој ќе се оштети. Само проѕирниот капак може да се потопи во вода.
8.
Кога има деца во близина на апарат што работи, потребно е да бидат под надзор.
9.
Држете ги прстите подалеку од подвижните делови.
10.
Никогаш не отстранувајте го капакот додека ножот не е целосно запрен.
11.
Не обидувајте се да го вклучите апаратот ако капакот не е наместен.
12.
Употребата на додатоци, кои не ги препорачува производителот, може да предизвикаат телесна повреда.
13.
Осигурете се дека во комората за мелење нема предмети пред да го користите уредот.
14.
Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сензорни или
ментални способности или лица кои немаат доволно искуство и знаење, освен ако не се под надзор или упатени
од лицето одговорно за нивната безбедност во однос на употребата на апаратот.
15.
Децата треба да бидат под надзор за да се осигура дека нема да го користат апаратот за игра.
16.
Користете го апаратот само за неговата намена.
17.
Не користете го на отворен простор.
Само за домашна употреба
ОПИС НА МЕЛНИЦАТА ЗА КАФЕ
Комора за мелење
(со нож во неа)
Проѕирен капак
Моторна единица