![Milwaukee 4933478440 Original Instructions Manual Download Page 104](http://html1.mh-extra.com/html/milwaukee/4933478440/4933478440_original-instructions-manual_1799656104.webp)
101
Македонски
Mak
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни напомени, упатства,
цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со
уредот.
Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ТРАЧНА ПИЛА
Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои
приборот може да погоди сокриени струјни водови
или сопствениот кабел за напојување со струја.
Контакт
со жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее
струен удар.
Носете штитник за уши.
Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото
за слух.
Секогаш при сечење поставете ја водилката врз работното
парче.
Не го стартувајте сечилото доколку е во контакт со
обработуваното парче. Пред да почнете со сечење почекајте
сечилото да постигне полна брзина.
Кога сечилото се свиткало, при прекин од било која причина,
ослободете го прекинувачот и држете го ножот во материјалот
без да делувате, се додека не дојде до потполно запирање на
сечилото. Никогаш не ја рестартирајте машината со сечилото
во контакт со обработуваното парче.
Не користете скршени или изобличени сечила.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Опасност: Држете ги рацете подалеку од местото на сечење и
од сечилото. Секогаш кога е можно држете ја другата рака на
горниот дел од куќиштето. Ако со двете раце ја држите пилата,
тогаш не можете да се пресечете со сечилото.
Не посегајте под обработуваното парче.
Никогаш не го држете парчето кое се обработува со раце или
преку нога. Обезбедете го на стабилна површина. Важно е
соодветно да ја потпирате работата како би ја минимизирале
телесната изложеност, виткањето на сечилото или губењето
контрола.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да
биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна
заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш
да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело
да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• кршење на материјалот што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од
M12 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Тракастото сечило сече надолжно и триаголно прецизно во
различни типови на метали како метални профили, цевки,
метална арматура, канали, алуминиумски профили, метални.
Монтажа и приклучување на напојување
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и оставете да
се олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое
што не е пристапно за деца. Чувајте подалеку од корозивни
средства како на пример хемикалии за градината и соли за
одмрзнување. Да не складирате надвор.
Summary of Contents for 4933478440
Page 4: ...III I VI IV V II ...
Page 5: ...2 III II I 1 3 2 ...
Page 6: ...3 II ...
Page 10: ...7 2 1 1 1 sec 10 4x 25 50 75 100 2 sec Test II ...
Page 11: ...8 II Start Stop 1 1 2 III LED 10 sec ...
Page 12: ...9 1 2 1 2 III ...
Page 13: ...10 IV 1 2 3 4 4 3 1 2 ...
Page 14: ...11 IV 6 5 7 8 ...
Page 15: ...12 IV 10 9 10 11 12 ...
Page 16: ...13 IV 1 2 15 16 13 14 ...
Page 18: ...15 V ...
Page 19: ...16 V ...
Page 111: ...108 العربية Ara الرموز V ...