Spinomed
®
Намена
Спиномед е ортоза за грб.Производот
се користи исклучиво како ортопедско
помагало за рбетот и само на здрава
кожа.
Поставување на ортозата
При поставување на ортозата, многу
ќе ви помогне да застанете пред долго
огледало.
Поставувањето на Спиномедот е
многу слично на облекување на
ранец.
1. Прво се одлепува големата предна
пелота.(А)
2. Следно - облечете ја ортозата како
ранец. Металната задна шина
поставете ја врз 'рбетот. (слика1)
3. Навлечете ги рацете во ремените
за фиксирање на предната пелота и
истегнете ја напред и надолу и
залепете ја истегната. (слика2)
Направете контрола на огледалото
•
Металната задна шина треба удобно
да лежи врз 'рбетниот столб. Долниот
раб на ортозата треба да биде на
ниво на os coccyx (опашката).
(слика3)
•
Ремените не треба да се извртени,
освен ременот што поминува низ
водечкиот прстен. (слика4)
•
Подесување на рамените ремени –
Ремените не смеат да засекуваат
под рамениците.
•
Ремените на водечките прстени –
тие не треба да влечат на една
страна.
Предупредување
За да се превенира лизгање на
ортозата од својата позиција, долниот
појас треба да биде повеќе затегнат
во однос на ремените ремени.Иако
нагорното лизгање на ортозата нема
да влијае врз нејзината функција,
сепак вратете ја на првичната
позиција.
Механизам на дејство
Со активација на грбните мускули,
ортозата го исправува горниот дел од
телотои го редуцира зголемениот агол
на кифоза (грбка), предизвикана од
остеопороза. Спиномедот го
стимулира телото да ги користи
сопствените мускулни ресурси.
Едноставноста на моделирањето на
ортозата, овозможува таа да се
моделира индивидуално на секој
пациент. Прилагодувањето на
ремените е многу слично на ремените
од ранец, и тие не смеат да го
лимитираат опсегот на движење на
рамената и рацете, и без никакви
рестрикции во движењата на градите
и стомакот при дишењето.
Оптималното обликување на ортозата
резултира со намалување на болката
и зголемена подвижност на оние кои
правилно ја користат.
Начин на користење
Во почетокот, за да се постигне
постепено обновување на мускулната
активност, ортозата треба да се носи
1-2 часа во текот на денот. Во текот на
третманот, времето на носење
постепено се зголемува. Ортозата не
треба да се користи при подолготрајно
седење и спиење. Ортозата се
ремоделира од страна на медицинско
лице, по одредена редукција на аголот
на кифоза. Вашата согласност и
соработка е многу важна при
користење на ортозата. Во меѓувреме
доколку имате некаков проблем или
прашања околу користењето на
ортозата обратете се на вашиот лекар
или ортопедскиoт техничар. Сите
промени кои може да се бараат од
вашиот Спиномед може да се
направат. Најважно за успехот од
Македонски
41538_AAL_Spinomed.indd 26
28.02.19 10:31
Summary of Contents for Spinomed
Page 30: ......