171
Алатот се испорачува со одредени делови кои
не се составени. За да ги составите, постапете на
следниот начин:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За да спречите сериозна телесна повреда,
прекинувачот треба да биде во позиција на
ИСКЛУЧЕНО, алатот не треба да виде вклучен во
струја, а вентилаторите треба да бидат сопрени
пред да ги прикачувате или отстранувате цевките.
СКЛОПУВАЊЕ КАКО ДУВАЛКА (Сл. 3)
Лизгајте ја цевката за дување напред додека
областите со жлебови на куќиштето на апаратот за
дување не кликнат во отворите на цевката.
СКЛОПУВАЊЕ
КАКО
СМУКАЛКА
(незадолжителен прибор) (Сл. 2)
Лизгајте ги предните и задните цевки на смукалката
заедно додека не се заклучат. (Видете Сл. 2.)
Притиснете го копчето за заклучување напред за
да го ослободите влезот. Држете го влезот отворен.
(Видете Сл. 2.1.)
Вметнете го „зашилениот“ краен клип на цевката
на смукалката во задниот клип. (Видете Сл. 2.2.)
Вметнете го „кукастиот“ краен клип на цевката на
смукалката во предниот клип. (Видете Сл. 2.3.)
Притиснете го копчето за заклучување за да
ја активирате цевката на смукалката. (Видете
Сл. 2.4.)
За да ги извадите цевките на смукалката, следете ги
следните чекори по обратен редослед.
Вметнете го адаптерот на вреќата во одводот на
дувалката. Заклучете го адаптерот на вреќата со
копчето за заклучување. За да ја извадите вреќата,
едноставно притиснете на копчето за заклучување и
извадете ја вреќата. (Видете Сл. 4.)
НАПОМЕНА:
Можеби ќе треба да ја извадите цевката на
дувалката или цевките на смукалката за да ја
исчистите затнатата цевка или вентилаторот.
МОНТИРАЊЕ НА ВРЕЌА СО ПРЕРАМКА ЗА
НОСЕЊЕ ПРЕКУ РАМО (Сл. 4)
Додека стоите во работна позиција, приспособете
ја должината за да одговара на големината на
операторот. Повлечете ја јамката за да продолжите,
повлечете го ременот за да скратите.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
ПОВРЗУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ ЗА СТРУЈА (Сл. 5)
Прицврстете го продолжениот кабел на куќиштето
на моторот со помош на држачот за кабел. Ова
спречува случајно откачување на кабелот за струја.
Поврзете го женскиот крај од продолжениот кабел
со приклучокот на единицата.
СТАРТУВАЊЕ/СТОПИРАЊЕ НА ДУВАЛКАТА/
СМУКАЛКАТА (Сл. 6)
За да го вклучите, лизгајте го копчето на лизгање за
напојување/брзина. ‘1’ покажува дека алатот работи
со мала брзина, а ‘2’ со голема брзина.
За да го исклучите, лизгајте го прекинувачот кон ‘0’.
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
ВАЖНО:
Кога е во режим на смукање (незадолжителен
додаток), дувалката МОРА да биде поставена во
голема брзина.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Пред да ракувате со алатот, застанете во работна
позиција.
Проверете го следното:
дали носите соодветна облека, како на пример
чизми, заштитни очила, заштита за ушите/слухот,
ракавици, долги панталони и кошула со долги
ракави.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За да избегнете сериозна телесна повреда, носете
заштитни очила кои се во согласност со EN 166
или ANSI Z87.1 секогаш кога ракувате со овој алат.
Носете маска на лицето или маска за заштита од
прашина на правливи локации.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За да спречите сериозна телесна повреда или
оштетување на алатот, проверете дали цевката на
дувалката или цевките на смукалката и вреќата се
на место пред да ракувате со единицата.
СОВЕТИ ЗА РАБОТЕЊЕ (Сл. 7)
Пред да го вклучите алатот, потрудете се тој да не
биде насочен кон лица ниту кон растресит отпад.
Проверете дали апаратот е во добра работна
состојба. Проверете дали цевките и штитниците се
на место и стегнати.
Кога работите, апаратот секогаш држете го со обете
раце.
Цврсто фатете ги и предната и задната рачка или
држачите.
За да го намалите ризикот од губење на слух поради
јачината на звукот, потребно е да носите заштита за
слухот.
Користете ја прерамката за носење преку рамо кога
го користите апаратот како смукалка.
Вреќата треба да биде правилно наместена и
патентот затворен (кога се користи како смукалка).
Со електрична опрема работете во разумно време
- ниту рано наутро, ниту доцна навечер, за да не
ги вознемирувате луѓето. Придржувајте се до
времињата наведени во локалните регулативи.
Вообичаено препорачано време е меѓу 9:00 наутро
и 17:00 часот попладне, од понеделник до сабота.
За да го намалите нивото на бука, ограничете го
бројот на парчиња на опрема што се користат
истовремено.
За да го намалите нивото на бука, работете со
алатот со мала брзина, доколку е тоа возможно.
Користете гребла и метли за да го растресете
отпадот пред да започнете да го дувате.
На места со многу прав, треба малку да ги
навлажните површините.
Задржете ја водата користејќи електрични дувалки
наместо црева кај голем број алати за тревници
и градини, вклучително и за површини какви што
се сливници, скривалишта, поплочени дворишта,
веранди и градини.
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
•
Summary of Contents for UB0800X
Page 2: ... 10 8 7 6 5 14 9 3 4 1 1 2 ...
Page 3: ...3 2 1 2 2 2 3 2 4 ...
Page 4: ...4 11 13 1 7 3 4 0 0 1 1 1 5 6 ...
Page 5: ...5 7 ...
Page 203: ... 03 ...