![Makita DLM462 Instruction Manual Download Page 79](http://html.mh-extra.com/html/makita/dlm462/dlm462_instruction-manual_228345079.webp)
79
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ја
машината пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги машината и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто машината и касетата за батеријата, тие
може да се лизнат од вашите раце и да дојде до
нивно оштетување, како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се да го блокирате
капакот на батеријата пред употребата.
Во спротивно,
калта, нечистотиите или водата може да предизвикаат
оштетување на производот или на батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја касетата
за батерија целосно додека црвениот индикатор
не се изгасне.
Во спротивно, може ненадејно да
испадне од машината, предизвикувајќи ви повреда
вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Машината не работи само со една
касета за батерија.
За да ја монтирате батеријата;
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре, а
потоа отворете го капакот за батеријата.
►
Сл.13:
1.
Капак на батеријата
2.
Лост за
блокирање
2.
Порамнете ги јазичето од касетата за батерија
со отворот на машината, потоа турнете ја касетата
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување.
►
Сл.14:
(1)
Порта за батерии 1
(2)
Порта за
батерии 2
(3)
Касета за батерија
НАПОМЕНА:
Монтирајте најмалку 2 касети за
батерии во портата за батерии 1 или портата за
батерии 2.
3.
Вметнете го клучот за блокирање во местото
покажано на сликата и турнете го до крај.
►
Сл.15:
1.
Клуч за блокирање
4.
Затворете го капакот на батеријата и туркајте
го додека не се стегне со рачката за блокирање.
За да ја отстраните касетата за батеријата;
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре и
отворете го капакот за батеријата.
2.
Повлечете ја касетата за батеријата од
машината додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
3.
Извлечете го клучот за блокирање.
4.
Затворете го капакот на батеријата.
Промена на касетите за батеријата
►
Сл.16:
1.
Прекинувач за избор на батеријата
Машината користи 2 касети за батерија за работа
истовремено. Може да се монтираат до 4 касети за
батерија во машината. Пред работа со машината,
изберете порта за батерија 1 или порта за батерија 2
со вртење на прекинувачот за избор на батерија.
НАПОМЕНА:
Ако само 2 батерии се монтирани на
машината, бидете сигурни да ја изберете портата
за батерија на која се монтирани касетите за
батеријата со помош на прекинувачот за избор на
батерија.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока
струја, машината автоматски се исклучува и
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, вклучете ја машината за
да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата се прегреани,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
оставете ги машината и батеријата да се оладат
пред повторно да ја вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
извадете ја батеријата од машината и наполнете
ги касетите за батерија или сменете ги со целосно
наполнети.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.17:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Summary of Contents for DLM462
Page 2: ...2 1 Fig 1 3 4 5 2 1 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 Fig 5 1 Fig 6 1 2 3 Fig 7 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 8 1 2 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 1 2 Fig 12 1 2 Fig 13 1 2 3 Fig 14 1 Fig 15 3 ...
Page 4: ...1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 3 4 5 6 2 Fig 18 1 2 Fig 19 1 Fig 20 1 2 Fig 21 1 Fig 22 4 ...
Page 5: ...1 2 3 Fig 23 1 Fig 24 1 Fig 25 1 2 Fig 26 1 Fig 27 1 2 Fig 28 5 ...
Page 6: ...Fig 29 Fig 30 1 2 3 Fig 31 Fig 32 Fig 33 1 2 3 Fig 34 1 Fig 35 6 ...
Page 7: ...1 2 Fig 36 2 1 3 Fig 37 3 2 4 1 Fig 38 1 2 3 Fig 39 3 2 1 4 Fig 40 3 2 1 2 1 Fig 41 7 ...
Page 8: ...3 2 5 6 4 1 1 1 Fig 42 8 ...