44
МАКЕДОНСКИ
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
►
Сл.3:
1.
Прекинувач
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
НАПОМЕНА:
Алатот автоматски запира ако го
држите прекинувачот повлечен околу 6 минути.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
►
Сл.4:
1.
Ламба
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА:
Кога алатот е прегреан, тој
автоматски ќе запре и ламбата ќе почне да
трепка. Во овој случај, отпуштете го прекинувачот
за стартување. Ламбата ќе се исклучи по една
минута.
НАПОМЕНА:
Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прекинувач за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот
за обратна акција само откако алатот целосно
ќе запре.
Менувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да запре може да го оштети
алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со
алатот, секогаш поставувајте ја рачката на
прекинувачот за обратна акција во неутрална
положба.
►
Сл.5:
1.
Рачка на прекинувачот за обратна акција
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
Промена на брзина
ВНИМАНИЕ:
Секогаш поставувајте ја
рачката за промена на брзината целосно во
соодветната положба.
Ако ракувате со алатот
со рачката за промена на брзината поставена
во меѓуположба помеѓу страна „1“ и страна „2“,
алатот може да се оштети.
ВНИМАНИЕ:
Не користете ја рачката за
промена на брзината додека алатот работи.
Алатот може да се оштети.
►
Сл.6:
1.
Рачка за промена на брзина
Прикажан
број
Брзина
Вртежен
момент
Соодветна
работа
1
Ниско
Високо
Работа
на тешко
оптоварување
2
Високо
Ниско
Работа
на лесно
оптоварување
За да ја промените брзината, прво исклучете го
алатот. Туркајте ја рачката за промена на брзината
на дисплејот „2“ за висока брзина или „1“ за ниска
брзина. Осигурете се дека рачката за промена на
брзината е во правилна положба пред работата.
Ако брзината на алатот нагло опаѓа за време на
работа со дисплејот „2“, турнете ја рачката на
дисплеј „1“ и рестартирајте ја операцијата.
Прстен за нагодување
Може да го изберете работниот режим и да
го нагодите вртежниот момент со прстен за
нагодување.
Избирање на работниот режим
►
Сл.7:
1.
Прстен за нагодување
2.
Ознака
3.
Стрелка
Овој алат има три режими на акција.
Режим за дупчење (само со
ротирање)
Режим со ударно дупчење
(ротирање со удирање)
1 - 21
Режим на шрафење
(ротирање со спојница)
Изберете го режимот што е соодветен за вашата
работа. Свртете го прстенот за нагодување и
порамнете го со ознаката со стрелка на телото од
алатот што сте ја избрале.
ЗАБЕЛЕШКА:
Секогаш поставувајте го прстенот
соодветно на ознаката за вашиот посакуван
режим. Ако ракувате со алатот со прстенот
поставен во меѓуположба помеѓу ознаките за
режими, алатот може да се оштети.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не менувајте го режимот на
работа додека алатот ротира.