45
МАКЕДОНСКИ
Нагодување на вртежниот момент
►
Сл.8:
1.
Прстен за промена на работниот режим
2.
Прстен за нагодување
3.
Градација
4.
Стрелка
Вртежниот момент на затегнување може да се
постави на 21 нивоа со свртување на прстенот за
нагодување. Порамнете ги градациите со стрелката
на телото од алатот. На 1 се добива минимален, а на
21 максимален вртежен момент на затегнување.
Пред да работите, ставете пробен шраф во вашиот
материјал или парче дупликат материјал за да
определите кој вртежен момент одговара за која
примена. На следниов приказ е покажан груб водич
за соодносот помеѓу големината на завртката и
градацијата.
Градација
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
Машинска завртка
M4
M5
M6
Завртка за
дрво
Меко дрво
(на пр. бор)
–
ɸ
3,5 x 22
ɸ
4,1 x 38
–
Цврсто
дрво (на пр.
шперплоча)
–
ɸ
3,5 x 22
ɸ
4,1 x 38
–
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
бургијата за одвртување/дупчење
Опционален прибор
►
Сл.9:
1.
Ракав
2.
Затвори
3.
Отвори
Свртете го ракавот налево за да ги отворите стегите на
главата. Поставете ја бургијата за одвртување/дупчење во
клинот колку што може да оди. Свртете го ракавот во насока
на стрелките на часовникот за да ја стегнете главата. За да
ја извадите бургијата за одвртување/дупчење, свртете го
ракавот во насока спротивна на стрелките на часовникот.
Монтирање на куката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги
деловите за закачување/монтирање само
за нивните предвидени намени, на пр.,
закачување на алатот на ремен за алат помеѓу
работите и работните интервали.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Внимавајте да не
ја преоптоварите куката, бидејќи преголемата
сила или неправилното преоптоварување
може да предизвикаат штети на алатот, што ќе
резултира со телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога ја монтирате куката,
секогаш цврсто затегнете ја со шрафот.
Ако не е
затегната, куката може да испадне од алатот и да
предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека сте го
закачиле алатот пред да го отпуштите држењето.
Недоволно или небалансирано закачување може да
предизвика паѓање и може да се повредите.
►
Сл.10:
1.
Жлеб
2.
Кука
3.
Завртка
Куката е практична за привремено закачување на
алатот. Може да се монтира од двете страни на
алатот. За да ја поставите куката, вметнете ја во
жлебот на куќиштето на алатот од која било страна и
потоа зацврстете ја со завртка. За да ја отстраните,
олабавете ја завртката и извадете ја.
Користење на отворот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
користете го отворот за закачување
за непредвидена намена, на пример,
прицврстување на алатот на високо место.
Поднесување стрес во тешко оптоварен отвор
може да предизвика оштетувања на отворот, што
ќе резултира со повреди на вас или луѓето околу
или под вас.
►
Сл.11:
1.
Отвор за закачување
Користете го отворот за закачување во долниот
заден дел од алатот за да го закачите алатот на ѕид
со висечки кабел или слични конци.
Монтирање држач за бургија за
одвртување
Опционален прибор
►
Сл.12:
1.
Држач за бургија за одвртување
2.
Бургија за одвртување
Поставете го држачот за бургии за одвртување во
испакнатиот дел на долниот дел од алатот на левата
или десната страна и зацврстете го со завртката.
Кога не ја користите бургијата за одвртување,
чувајте ја во држачот за бургии за одвртување. Овде
може да се чуваат бургии за одвртување долги 45
мм.