![Makita CS002GZ01 Instruction Manual Download Page 55](http://html1.mh-extra.com/html/makita/cs002gz01/cs002gz01_instruction-manual_4132326055.webp)
55
МАКЕДОНСКИ
Кутија за прав
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте ги металните
струготини и кутијата за прав со голи раце
веднаш по работата.
Тие може да бидат многу
жешки и може да ви ја изгорат кожата.
ВНИМАНИЕ:
Не сечете го материјалот на
кој се нанесени разредувач, бензин, маснотија
или други хемикалии.
Металните струготини од
таквите материјали може да ја оштетат кутијата
за прав и да резултираат со кршење, што може да
предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Носете заштита на очите или
очила кога ја празните кутијата за прав.
Металните струготини се собираат во кутијата
за прав. Периодично исфрлајте ги металните
струготини пред да станат видливи преку
прозорецот за преглед.
►
Сл.7:
1.
Прозорец за преглед
2.
Кутија за прав
Притиснете го копчето на стегата на кутијата за прав
за да ја извадите кутијата за прав. Исфрлајте ги
металните струготини додека внатрешниот дел на
кутијата за прав е свртен надолу.
►
Сл.8:
1.
Копче на стегата
►
Сл.9
Откако ќе ги исфрлите металните струготини,
поставете ја кутијата за прав.
Порамнете го отворот на кутијата за прав со куката
на алатот.
Во тој момент, порамнете ја ознаката „I“ како што е
прикажано на сликата, за да може да ја поставите
кутијата за прав во соодветната положба.
Потоа вметнете ја куката на копчето на стегата во
отворот на алатот.
►
Сл.10:
1.
Отвор на кутијата за прав
2.
Кука на
алатот
3.
Кука на копчето на стегата
4.
Отвор на алатот
►
Сл.11:
1.
Ознака „I“
ЗАБЕЛЕШКА:
Осигурете се дека секој кука е
зацврстена со отворите.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка на
сечилото. Доколку алатот постојано не успева брзо
да го прекине сечилото на циркуларна пила по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
ВНИМАНИЕ:
Системот на сопирачката на
сечилото не е замена за штитник на сечилото.
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ГО АЛАТОТ БЕЗ
ФУНКЦИОНАЛЕН ШТИТНИК НА СЕЧИЛОТО.
МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО СЕРИОЗНА ТЕЛЕСНА
ПОВРЕДА.
Електронска функција
Алатите опремени со електронска функција се
лесни за работа поради следниве функции.
Функција за меко стартување
Започнете меко заради потиснатиот почетен удар.
Контрола на постојана брзина
Електронско контролирање на брзината за
постигнување постојана брзина. Може да се изврши
добра завршна обработка, бидејќи брзината на
вртење е постојана дури и при преоптовареност.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Складирање на имбус-клучот
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
►
Сл.12:
1.
Имбус-клуч
Монтирање или отстранување на
сечилото на циркуларната пила
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita
за ставање или вадење на сечилото на
циркуларната пила.
ВНИМАНИЕ:
Кога монтирате сечило на
циркуларна пила, цврсто стегнете ја завртката.
ВНИМАНИЕ:
Уверете се дека сечилото на
циркуларната пила е монтирано со запците
насочени нагоре кон предниот дел на алатот.
1.
Отстранете ја кутијата за прав.
2.
Притиснете ја целосно блокадата на оската, така што
сечилото на циркуларната пила не може да се врти и користете
имбус-клуч за да ја олабавите шестаголната завртка.
►
Сл.13:
1.
Блокада на оската
2.
Имбус-клуч
3.
Стегнување
4.
Олабавување
3.
Извадете ги шестаголната завртка,
надворешната фланша и сечилото на циркуларната
пила.
►
Сл.14:
1.
Шестаголна завртка
2.
Надворешна
фланша
3.
Сечило на циркуларна пила
4.
Внатрешна фланша
4.
За да го монтирате сечилото на циркуларната
пила, следете ја постапката за отстранување по
обратен редослед.
5.
По монтирање на сечилото на циркуларна
пила, повторно поставете ја кутијата за прав.
►
Сл.15:
1.
Отвор на кутијата за прав
2.
Кука на
алатот
3.
Кука на копчето на стегата
4.
Отвор на алатот