51
МАКЕДОНСКИ
Чистење
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не раздувувајте го правот
залепен на правосмукалката со помош на
компримиран воздух.
Со тоа ќе се внесе прав во
куќиштето и ќе се предизвика дефект.
ЗАБЕЛЕШКА:
По миењето, филтрите
треба целосно да се исушат пред употреба.
Недоволно исушените филтри може да
предизвикаат намалување на моќта на смукање и
скратување на работниот век на моторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
По чистењето на филтрите и
сунѓерестиот филтер, не заборавајте повторно
да ги монтирате пред употреба.
Ако ја користите
правосмукалката без филтрите и сунѓерестиот
филтер, правот ќе влезе во куќиштето на моторот
и ќе предизвика дефект.
Тело на правосмукалката
Од време на време бришете ја надворешноста
(телото на правосмукалката) на правосмукалката со
помош на крпа натопена во вода со сапуница.
Исчистете ги и пределите кај отворот за смукање и
областа за монтирање на филтрите.
►
Сл.37
Филтер
Ако го измиете филтерот со сапуница кога е затнат
со прав, ќе се намали моќта на правосмукалката.
Целосно исушете го пред употреба.
►
Сл.38
Сунѓерест филтер
Кога сунѓерестиот филтер ќе се извалка, исчистете
го на следниов начин.
1.
Отстранете го филтерот.
2.
Извлечете го сунѓерестиот филтер од
столпчињата.
3.
Исчистете го сунѓерестиот филтер со тапкање
или миење. Ако го миете, целосно исушете го пред
употреба.
4.
Вметнете го сунѓерестиот филтер меѓу
столпчињата и поставете го во оригиналната
позиција. Уверете се дека секоја долна ивица на
столпчето го држи сунѓерестиот филтер надолу и
дека нема слободен простор помеѓу сунѓерестиот
филтер и отворот за смукање.
►
Сл.39:
1.
Сунѓерест филтер
2.
Долна ивица на
столпче
Чистење на главата на смукалката
Кога четката на главата ќе се извалка, исчистете го
правот со леплива лента.
►
Сл.40:
1.
Четка
Решавање проблеми
Пред да побарате поправка, проверете ги следниве точки.
Симптом
Подрачје што треба да се испита
Метод на зацврстување
Слаба сила на смукање
Дали капсулата е полна со прав?
Испразнете ја капсулата од прав.
Дали филтерот е затнат?
Исчистете го или измијте го филтерот.
Дали касетата со батерија е испразнета? Променете ја касетата за батеријата.
Не работи
Дали касетата со батерија е испразнета? Променете ја касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Не обидувајте се сами да ја поправате правосмукалката.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од
Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Издолжувач (права цевка)
•
Додаток
•
Додаток за тепих
•
Четка за полици
•
Додаток за агли
•
Кружна четка
•
Флексибилно црево
•
Филтер
•
Предфилтер
•
Филтер со високи перформанси
•
Прилог циклон
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
Summary of Contents for CL106FD
Page 2: ...Fig 1 3 1 2 Fig 2 1 2 Fig 3 1 Fig 4 1 2 Fig 5 3 2 1 Fig 6 2 1 Fig 7 1 2 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 2 1 Fig 12 1 2 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 1 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 Fig 17 2 1 Fig 18 Fig 19 3 2 1 Fig 20 1 Fig 21 1 Fig 22 1 Fig 23 2 1 3 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 25 1 Fig 26 1 Fig 27 2 1 Fig 28 1 2 Fig 29 1 Fig 30 1 Fig 31 1 2 3 Fig 32 5 ...
Page 6: ...2 1 Fig 33 3 2 1 Fig 34 Fig 35 Fig 36 Fig 37 Fig 38 1 2 Fig 39 6 ...
Page 7: ...1 Fig 40 1 2 3 Fig 41 2 3 1 4 Fig 42 2 1 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 7 ...
Page 8: ...2 1 3 Fig 46 8 ...
Page 83: ...83 ...