MK - 14 -
Рабовите на фрижидерот кои ги допираат шарките се топли
Особено летно време (кога е топло), површините кои ги допираат шарките на вратата
може да станат топли поради работат на компресорот. Ова е нормално.
Препораки
• Ако го исклучите апаратот од струја, почекајте барем 5 минути пред повторно да го
вклучите или рестартирате за да не го оштетите компресорот.
• Елементот за ладење на ладилникот се наоѓа во задниот дел од апаратот. Затоа,
може да се појават капки вода или мраз на задната површина во фрижидерот
заради работата на компресорот на одредени интервали. Ова е нормално и нема
потреба да одмрзнувате освен ако слојот со мраз е прекумерен.
• Доколку немате намера да го користите фрижидерот подолг временски период
(како на пример за време на летниот одмор), исклучете го апаратот од струја,
одмрзнете го и исчистете го, оставајќи ја вратата отворена за спречите создавање
мувла и непријатна миризба.
• Ако проблемот продолжува откако сте ги следеле сите погоре дадени упатства,
повикајте го најблискиот овластен сервисен центар.
• Апаратот кој го набавивте е направен исклучиво за домашна употреба. Не е
наменет за комерцијална или заедничка употреба. Ако го користите ладилникот
на начин којшто не соодветствува со одликите, потенцираме дека производителот
и застапникот не се одговорни за поправките или дефектите во периодот на
гаранцијата.