9
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА МК
Внимателно прочитајте ги овие упатства.
Чувајте ги за да ги користите и во иднина.
Општ опис
1.
Копче за дотерувње брзина
2.
Копче за избор на моќ на смукање
3.
Копче за намотување на приклучниот
кабел
4.
Копче за ослободување приклучоци за
мешање и месење.
5.
Метлички за месење
6.
Метлички за мешање
Намена
Апаратот е наменет за домашна употреба во
домаќинството! Употребувајте го за мешање,
месење, матење и за пасирање.
Важни безбедносни упатства
Апаратот соодветствува на признаените
технички правила, како и на важечките
безбедносни прописи за електричните апарати.
Поправките на електричните апарати може да
ги изврши само стручњак.
Производителот не одговара за можната
штета настаната како последица на
непрописна употреба или на погрешно
управување. Корисникот на апаратот
задолжително треба да ги почитува следниве
предупредувања:
При приклучување и ставање во погон,
задолжително почитувајте ги следниве
податоци наведени на натписната табла.
Проверете дали напонот и фраквенцијата му
одговараат на апаратот!
Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен
приклучниот кабел или, пак, апаратот.
Во случај на дефект, исклучете го апаратот
од електричната мрежа.
Секогаш исклучете го апаратот од
електричната мрежа кога не го употребувате
или кога ќе завршите со работа.
Приклучните кабли:
не провлекувајте ги покрај жешки места
за готвење или покрај отворен оган,
не провлекувајте ги низ остри рабови,
не употребувајте ги за пренесување на
апаратот.
Ако приклучниот кабел се оштети, можете
да го замените само во овластен сервис.
Децата помали од 8 години се препорачува
да се држат подалеку од апаратот,освен ако
тие не се под постојан надзор.
Овој апарат можат да го користат деца кои
веќе наполниле 8 години, лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности
како и лица кои немаат доволно искуство и
знаење ако се под надзор или биле обучени
како да го користат апаратот на безбеден
начин и ги разбрале опасностите кои можат
да се појават. Децата мора постојано да се
под надзор за да се осигурате дека тие не си
играат со апаратот.
Чистењето и корисничкото одржувањето не
треба да го изведуваат деца кои не
наполниле 8 години и кои не се под надзор.
Старите апарати онеспособете ги за
евентуална понатамошна употерба.
Отстранете го апаратот на начин
пропишан за тоа. За можностите за
отстранување на остарените апарати и на
амбалажата информирајте се кај
општинската, односно регионалната
управа.
Кога апаратот сосема ќе застане,
извлечете го гајтанот од штекерот и
заменете го приклучниот елемент. Додека
работи апаратот, не ставајте ги рацете
помеѓу приклучните елементи и немојте да
ги допирате со каков било предмет.
Приклучните елементи се вртат уште
неколку секунди по исклучувањето на
апаратот. Не допирајте ги за да не се
повредите. Немојте никогаш да ги чистите
приклучните елементи додека апаратот не
го исклучите од електричната мрежа.
Апаратот никогаш не употребувајте го на
отворено.
Погрижете се да имате суви раце кога го
употребувате апаратот.