
91
MK
МОНТАЖА
Пред монтажа исклучете ја машината
и извадете го приклучокот од главниот
напон.
Монтирање и отстранување на браник & на
брусен диск (сл. B)
Не ja користете машината без браник.
Монтажа
• Поставете ја машината врз маса, со
вретеното (3) свртено нагоре.
• Држете го притиснато копчето за
забравување на вретеното (2) и отстранете
ја прирабницата (7) со помош на клуч (8).
• Ако е потребно, отстранете го брусниот
диск (9).
• Отстранете ја прирабницата (10).
• Монтирајте го браникот (4). Поставете го
браникот (4) со стегање на завртката (11) и
навртката (12).
• Монтирајте ја прирабницата (10).
• Ако е потребно, монтирајте го брусниот
диск (9).
• Држете го притиснато копчето за
забравување на вретеното (2) и монтирајте
ја прирабницата (7) со помош на клуч (8).
Отстранување
• Поставете ја машината врз маса, со
вретеното (3) свртено нагоре.
• Држете го притиснато копчето за
забравување на вретеното (2) и отстранете
ја прирабницата (7) со помош на клуч (8).
• Ако е потребно, отстранете го брусниот
диск (9).
• Отстранете ја прирабницата (10).
• Отстранете го браникот (4), со отстегање
на завртката (11) и навртката (12).
• Монтирајте ја прирабницата (10).
• Ако е потребно, монтирајте го брусниот
диск (9).
• Држете го притиснато копчето за
забравување на вретеното (2) и монтирајте
ја прирабницата (7) со помош на клуч (8).
Монтирање и демонтирање на
дополнителна дршка (сл. C)
Монтажа
• Стегнете ја помошната дршка (6) во еден од
отворите за монтирање (13).
Отстранување
• Отстегнете ја помошната дршка (6) од
отворите за монтирање (13).
КОРИСТЕЊЕ
Вклучување и исклучување (Сл. A)
Машинава има безбедносна склопка, која
треба да се активира пред почеток со работа.
• Притиснете го дното од склопката за да се
одбрави прекинувачот.
• Турнете го прекинувачот напред.
• За искличување, отпуштете го
прекинувачот, кој ќе се врати во исклучена
положба.
• Не ја одложувајте машината додека
моторот работи. Не ја одложувајте
машината врз прашлива површина.
Нечистотија ќе влезе во механизмот.
Совети за оптимално користење
• Стегнете го работното парче. Користете
стеги за мали парчиња.
• Нацртајте линија по која ќе го водите
дискот.
• Држете ја машината цврсто со две раце.
• Вклучете ја машината.
• Почекајте машината да достигне полна
брзина.
• Поставете го дискот врз работното парче.
• Полека движете ја машината по линијата,
притискајќи го дискот врз работното парче.
• Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
• Исклучете ја машината и почекајте целосно
да се сопре, пред да ја одложите.
Summary of Contents for AGM1086
Page 2: ...2 Fig A 6 5 1 2 3 4 ...
Page 3: ...4 3 10 9 7 8 11 12 4 2 3 Fig B ...
Page 4: ...4 Fig C 6 13 13 ...
Page 95: ...95 Exploded view AGM1087 Exploded view AGM1086 ...