![Electrolux LNT7ME34G1 User Manual Download Page 110](http://html.mh-extra.com/html/electrolux/lnt7me34g1/lnt7me34g1_user-manual_2382267110.webp)
MK -110-
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХРАНАТА ВО АПАРАТОТ
ДЕЛ - 3.
Оддел за ладење
• Никогаш не ставајте течности во отворени садови во ладилникот за да ја намалите
појавата на влага и последователно зголемување на мразот. Мразот се собира во
најстудените делови кај испарувањето и со време ладилникот треба да се одмрзне.
• Никогаш не ставајте топла храна во ладилникот. Топлата храна прво треба за се
излади на собна температура и треба да се складира при што ќе се обезбеди
соодветна циркулација на воздухот во одделот на ладилникот.
• Ништо не смее да се допира до задниот ѕид бидејќи така ќе дојде до замрзнување,
а пакувањето може да се залепи за задниот ѕид. Не отворајте ја вратата на
ладилникот многу често.
• Ставете ги месото и исчистената риба (завиткани во пакување или пластичен сад)
што ќе ги искористите за 1-2 дена најдолу во ладилникот (веднаш над фиоката
за свежа храна) бидејќи ова е најстудениот дел и обезбедува најдобри услови за
чување.
• Може да ги ставите овошјето и зеленчукот во фиоката за свежа храна без да ги
спакувате.
Подолу се дадени одредени препораки за ставање и чување на храната во одделот на
ладилникот.
Храна
Максимално време за
чување
Каде се става во
одделот на ладилникот
Овошје и зеленчук
1 седмица
Корпа за зеленчук
Месо и риба
2 - 3 дена
Завиткани во пластична фолија или
кеса во садот за месо
(на стаклената полица)
Свежо сирење
3 - 4 дена
Во специјалната полица на вратата
Путер и маргарин
1 седмица
Во специјалната полица на вратата
Производи во шише
млеко и јогурт
До истекот на рокот што го
одредува производителот
Во специјалната полица на вратата
Јајца
1 месец
Во полицата за јајца
Зготвена храна
2 дена
На сите полици
ЗАБЕЛЕШКА
: Компирите, кромидот и лукот не треба да се чуваат во ладилникот.
Оддел за замрзнување
• Користете го одделот за длабоко замрзнување на ладилникот за да ја чувате
замрзнатата храна подолг период и за да правите коцки мраз.
• Употребете го режимот „супер замрзнување“ за брзо да замрзнете свежа храна.
• Храната можете да ја ставате до друга замрзната храна откако таа веќе замрзнала
(по минимум 24 часа).
• За да постигнете максимален капацитет во одделот за замрзнување, користете
ги стаклените полици за горниот и средниот дел. Користете ја долната корпа за
долниот дел.
• Не ставајте ја храната што сакате да ја замрзнете во близина на веќе смрзнатата
храна.
Summary of Contents for LNT7ME34G1
Page 2: ......
Page 3: ...EN 3 EN FIRE Warning Risk of fire flammable materials ...
Page 27: ...CZ 27 CZ POŽÁR Varování Riziko požáru hořlavých materiálů ...
Page 50: ...AL 50 AL ZJARRI Paralajmërim Rrezik zjarri materiale të djegshme ...
Page 74: ...HR 74 HR POŽAR Upozorenje Opasnost od požara zapaljivi materijali ...
Page 97: ...MK 97 MK ОГАН Предупредување Опасност од пожар запаливи материјали ...
Page 121: ......
Page 122: ......
Page 123: ......
Page 124: ...52297743 PNC CODE 925993327 www electrolux com shop ...