63
Нашите производи се конструирани
така што ги задоволуваат највисоките
стандарди, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека ќе уживате користејќи
го епилаторот Braun Silk·épil 5.
Ве молиме внимателно и целосно
прочитајте го упатството пред да го
користите апаратот.
Braun Silk·épil 5 е дизајниран за
отстранување на несаканите влакна
на најефикасен, најнежен и најлесен
начин. Неговиот докажан систем за
епилација, ги отстранува влакната од
коренот, при тоа правејќи ја Вашата
кожа мазна со недели. Како што растат
влакната така тие стануваат понежни и
помеки така што нема повеќе влакна
кои стрчат.
Важно
•
Поради хигиенски причини не го
делете апаратот со други луѓе.
•
Овој апарат e обезбеден со вграден
кабел за ниско напонско напојување.
Да не се заменува или управува со
ниту еден негов дел. Во спротивно
постои ризик од електричен удар.
За електричните инструкции Ве
молиме погледнете го натписот на
кабелот.
•
Овој апарат е соодветен за
чистење со вода.
Предупредување: Исклучете
го апаратот од кабелот пред да
започнете со чистење со вода на
некој од деловите.
•
Овој апарат не е наменет за употреба
од страна на деца или за лица со
намалена физичка, сензорна или
ментална способност, освен ако се
под надзор на лице кое е одговорно
за нивната безбедност. Генерално,
Ви препорачуваме да го чувате
апаратот вон дофат на деца за да се
осигурате дека децата нема да
играат со него.
•
Кога е уклучен, апаратот не смее да
дојде во контакт со косата, трепките,
лента за коса и сл. за да се спречи
било каква повреда како и да се
спречи блокирање или оштетување
на апаратот.
•
Не ја употребувајте главата за епили-
рање без капаче.
Основни информации за епилација
Сите методи на отстранување на
влакната од коренот може да преди-
звикаат растење на влакната и
иритација (на пр. чешање, неудобност
или црвенило),во зависност од
состојбата на влакното и кожата.
Ова е нормална реакција и треба брзо
да исчезне, но може да биде посилна
кога ги отстранувате влакната од
коренот првите неколку пати или ако
имате чувствителна кожа. Доколку и по
36 часа кожата сеуште е иритирана,
Ви препорачуваме да контактирате со
Вашиот лекар.
Генерално, реакцијата на кожата и
чувството наболка значително ке се
намалат со постојаната употреба на
Silk·épil. Во некои случаи воспаление
на кожата може да настане кога
бактерија ќе навлезе во кожата (на пр.
кога апаратот се лизга на кожата).
Целосното чистење на главата на
епилаторот пред секоја употреба ќе го
намали ризикот од инфекција.
Доколку се сомневате во употребата
на апаратот, Ве молиме консултирајте
се со Вашиот лекар.
Во следниве случаи, овој апарат треба
да се употребува исклучиво со прет-
ходна консултација на лекар:
– егзема, повреда, црвенило на
кожата како фоликулитис (загноени
фоликули на влакната ) и проширени
вени
– околу бемки
– намален имунитет на кожата , на пр.
дијабетес за време на бременост,
Рејнова болест, хемофилија,
кандида или намален имунитет.
Македонски
94518026_SE5580_5180_CEE_S6-92.indd 63
94518026_SE5580_5180_CEE_S6-92.indd 63
27.08.12 11:22
27.08.12 11:22