![Bosch T10296 Original Instructions Manual Download Page 131](http://html.mh-extra.com/html/bosch/t10296/t10296_original-instructions-manual_44824131.webp)
3 Упатства за работа
1.
Проверете дали потпората за единицата е
целосна, како и дали има видливи оштетувања,
како на пример знаци на абење, деформација,
дупки, пукнатини и корозија пред секоја
употреба. Проверете да не се оштетени
шрафовите и дали се способни за работа. Не
користете ја потпората за единицата кога ќе се
забележат дефекти и веднаш фрлете ја.
2.
Составете ја потпората за единицата точно како
што е опишано во работните прирачници.
3.
Ако е неопходно, проверете дали потпорните
завртки T10296/1 се точно составени, како што
е опишано во работниот прирачник.
4.
Поставете ја потпората за единицата на
дигалката за моторот и менувачот.
5.
Проверете дали потпората за единицата е
целосно внесена во потпората на дигалката за
моторот и менувачот и дали е безбедна.
6.
Проверете дали потпорната завртка е поставена
во центарот.
7.
Сместете ја потпората за единицата на единицата
за мотор и менувач согласно работните
прирачници и со тоа обезбедете соодветна
потпора.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност како резултат на навалување или паѓање
на товарот!
Несоодветното поставување на потпората за
единицата на товарот може да предизвика
навалување или паѓање на товарот! Ова може да
предизвика сериозни повреди и критично
оштетување на материјалите.
Прицврстете ја потпората за единицата точно како
што е опишано во работните прирачници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреди поради подвижен товар!
Може да дојде до смачкување на рацете и нозете
помеѓу товарот и возилото како резултат на
движењата, како преместување, подигање или
спуштање на товарот.
Поставете ги рацете и нозете на начин на којшто
нема да постои опасност од смачкување при
движењето на потпората за единицата.
Надгледувајте ја потпората за единицата за време
на сите движења.
8.
Извршете ја останатата работа како што е
опишано во работните прирачници.
9.
Проверете дали сите делови од специјалната
алатка се отстранети по завршувањето на
поправките.
mk | 131 | T10296
2018-06-15
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија
Summary of Contents for T10296
Page 2: ......
Page 222: ......
Page 223: ...Am Dörrenhof 1 ETO 85131 Pollenfeld Preith Germany www bosch com 2018 06 15 ...