110
| Македонски
(11)
Филтер (Микро-филтер систем)
(12)
Црево за всисување
A)
(13)
Алат за дупчење
(14)
Завртки за основната брусна плоча
A)
Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Вибрациона брусилка
GSS 23 A
Број на дел
3 601 K70 4..
Номинална јачина
W
190
Број на вртежи во празен
од
min
–1
12000
Број на осцилации во
празен од
min
–1
24000
Дијаметар на
осцилаторниот круг
mm
2,0
Димензии на брусното сечило
– Сврзен напон
mm
93 x 230
Димензии на брусната
плоча
mm
92 x 182
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
kg
1,7
Класа на заштита
/ II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно
EN 62841-2-4
.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А
типично изнесува: ниво на звучен притисок
80
dB(A);
ниво на звучна јачина
91
dB(A). Несигурност K =
3
dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 62841-2-4
:
a
h
=
5,5
m/s
2
, K =
1,5
m/s
2
,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав
(3)
на млазниците за
издувување
(10)
, додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав
(3)
извлечете ја
надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав
(3)
тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав
(3)
за вградената рачка,
преклопете го филтерот
(11)
нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот
(11)
со мека четка.
1 609 92A 4AF | (04.11.2020)
Bosch Power Tools