Македонски |
233
LED-светилки
Капацитет
Трајно светло 3 × зелено
40–60 %
Трајно светло 2 × зелено
20–40 %
Трајно светло 1 × зелено
5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено
0–5 %
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
u
При ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици.
Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила и прилагодување на
водилката на сечилото за пила (види слики A–B)
u
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето.
Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак
(28)
.
Повлечете го SDS-лостот
(19)
до крај кон нанапред и
држете го таму. Вметнете го сечилото за пила
(16)
со
запците во правец на резот, додека не се вклопи во
прифатот за сечило за пила
(18)
.
Внимавајте при вметнувањето на сечилото за пила, тоа да
поминува помеѓу запците на водилката на сечилото за
пила
(15)
.
u
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
За добар резултат од сечење, запците на водилката на
сечилото за пила
(15)
колку што е можно поблиску да
лежат на сечилото за пила
(16)
, без да го заглавува
сечилото за пила. За да го прилагодите растојанието до
дебелината на сечилото за пила, можете да прилагодите
еден забец на водилката за сечилото на пилата.
Поставете клучот со внатрешна шестаголна глава
(26)
во
отворот за поставување
(24)
во основната плоча. Вртете
го клучот со внатрешна шестаголна глава според
ознаката покрај отворот за поставување (во правец на
стрелките на часовникот: намалување на растојание;
спротивно од стрелките на часовникот: зголемување на
растојание). Проверете дали сечилото на пилата може да
се движи слободно.
Вадење на сечилото за пила (види слика C)
Повлечете го SDS-лостот
(19)
нанапред до крај и
извадете го сечилото за пила
(16)
.
Заштита од кинење (види слика D)
Заштитата од кинење
(27)
(опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила.
Вметнете ја заштитата од кинење
(27)
од напред во
основната плоча
(13)
.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
u
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види слика E)
Монтирајте го заштитниот капак
(28)
, пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6Y3 | (27.07.2022)