
370
| Македонски
Безбедносни напомени за мрежен напојувач
u
Овој адаптер не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени
физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и
знаење. Овој адаптер може да го користат деца над 8 години како и лица со
ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно
искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната
безбедност или се подучени за безбедно ракување со адаптерот и ги
разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа.
Инаку постои опасност
од погрешна употреба и повреди.
Адаптерот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во
адаптерот го зголемува ризикот од електричен удар.
u
Одржувајте ја чистотата на адаптерот.
Доколку се извалка, постои опасност од
електричен удар.
u
Пред секое користење, проверете го адаптерот. Не го користете адаптерот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами адаптерот и оставете
го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе го поправи само со
оригинални резервни делови.
Оштетени адаптери го зголемуваат ризикот од
електричен удар.
Опис на производот и перформансите
Отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред и држете ја отворена
додека го читате упатството за употреба.
Наменета употреба
Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија,
косини и за пресметување на површини и волумени.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Мерните резултати може да се пренесат преку
Bluetooth
® на други уреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред
на сликите.
(1)
Екран
(2)
Мерно копче
1 609 92A 6UN | (21.09.2021)
Bosch Power Tools