Македонски |
215
предизвикате несреќи или да ги оштетите
очите.
u
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
u
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила како
заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак,
тие не штитат од ласерското зрачење.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила како
очила за сонце или пак во сообраќајот.
Ласерските
заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
u
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал и само со
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
u
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор.
Без надзор, тие може да
заслепат други лица.
u
Не работете со мерниот уред во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина.
Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
u
За време на работата на мерниот уред се слушаат
гласни сигнални тонови во одредени околности.
Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите
одн. други лица.
Гласниот тон може да го оштети
слухот.
Не ги принесувајте мерниот уред и
магнетната опрема во близина на
импланти или други медицински уреди, на
пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Преку магнетите на мерниот уред и опремата
се произведува поле, коешто може да ја
наруши функцијата на имплантите или
медицинските уреди.
u
Држете ги мерниот уред и магнетната опрема
подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди
чувствителни на магнет.
Поради влијанието на
магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде
до неповратни загуби на податоците.
u
Никогаш не ги голтајте копчестите батерии.
Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од
2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници
или смрт.
Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат
во допир со копчестата батерија.
Доколку
постои сомневање дека копчестата батерија
е проголтана или е вметната во друг дел од
телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
u
При менување на батеријата внимавајте на
прописна замена на батеријата.
Инаку, постои
опасност од експлозија.
u
Не се обидувајте повторно да ја полните копчестата
батерија и не ја премостувајте.
Копчестата батерија
може да протече, да експлодира, да се запали и да
повреди лица.
u
Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите
копчести батерии.
Испразнетите копчести батерии
може да протечат и со тоа да го оштетат производот
или да повредат лица.
u
Не ја прегревајте копчестата батерија и не ја
фрлајте во оган.
Копчестата батерија може да
протече, да експлодира, да се запали и да повреди
лица.
u
Не ја оштетувајте копчестата батерија и не ја
расклопувајте.
Копчестата батерија може да протече,
да експлодира, да се запали и да повреди лица.
u
Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со
вода.
Литиумот што истекува може со вода да создаде
водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или
до повреди на лица.
u
Не го користете веќе мерниот уред, ако држачот за
копчеста батерија
(22)
не може да се затвори.
Извадете ја копчестата батерија и поправете го.
u
Пред каква било интервенција на мерниот уред (на
пр. монтажа, одржување итн.) како и при негов
транспорт и одржување извадете го акумулаторот
одн. батериите од мерниот уред.
При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
При погрешно користење или при оштетена
батерија може да истече запалива течност од
батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика
кожни иритации или изгореници.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на
Bosch Power Tools
1 609 92A 5AZ | (16.10.2019)