Македонски |
177
го отворајте сами всисувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал, кој
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приклучок го зголемува
ризикот за електричен удар.
u
Не го прегазувајте или притискајте кабелот. Не го
влечете кабелот за да го извадите приклучокот од
конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
u
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
u
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
u
Всисувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови.
Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на всисувачот.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот содржи прав што е
опасна по здравјето. Празнењето
и одржувањето, како и вадењето
на контејнерот за собирање прав смее да се врши
само од страна на стручен персонал. Потребна е
соодветна заштитна опрема. Не го користете
всисувачот без комплетниот филтерски систем.
Инаку
го загрозувате вашето здравје.
u
Пред користењето, проверете дали цревото за
всисување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на всисувачот, проверете
да не излегува прав.
Инаку може да ја вдишете
правта.
u
Не го користете всисувачот како предмет за
седење.
Може да го оштетите всисувачот.
u
Внимателно користете го струјниот кабел и цревото
за всисување.
Внимавајте притоа да не ги доведете
другите лица во опасност.
u
Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз
вода.
Навлегувањето на вода во горниот дел од
всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашиот всисувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите всисувачот.
Ознаки и нивно значење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.
Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 за
всисување на
суви материи
од штетни прашини со гранична вредност на изложеност > 1 mg/
m
3
Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од
кран.
Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои
опасност од повреда и оштетување.
Не го користете всисувачот како предмет за седење,
спроводник и не стапнувајте на него.
Инаку всисувачот може да
се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.
Старт/Стоп-автоматика
Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат
Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува
Исклучување
Всисување
Всисување на наталожена прав
Bosch Power Tools
1 609 92A 4CP | (09.11.2018)