Македонски |
219
Bosch Power Tools
F 016 L81 308 | (21.9.15)
Ракувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
Почекајте сечилото потполно да
застане пред да го допрете.
Сечилото продолжува да ротира и
откако моторот на уредот ќе згасне
и може да предизвика повреда.
Работете само при дневна светлина
или при добро осветлување.
Не работете со тримерот при лоши
временски услови, а посебно при
грмотевици.
Употребата на тримерот на влажна
трева ја намалува неговата
ефикасност.
Згаснете го уредот кога го
пренесувате до и од местото на
работа.
Веднаш згаснете го уредот ако
Вашите нозе или раце се преблиску
до сечилото.
Не приближувајте ги нозете и
рацете до вртечките елементи на
сечилото.
Пред замена на сечилото извадете
ја батеријата.
Никогаш не употребувајте метални
елементи за сечилото на овој
тример.
Редовно проверувајте го и
одржувајте го тримерот.
Тримерот носете го на поправка
само во овластен сервис.
Секогаш проверувајте отворите за
воздух да не се затнати од
искосените отпадоци.
Извадете ја батеријата:
– секогаш кога уредот го оставате
без надзор на извесно време
– за замена на сечилото
– за чистење или поправка
Чувајте го уредот на безбедно, суво
место вон дофат на деца. Не
ставајте други предмети на уредот.
Поради безбедносни причини,
веднаш заменете ги истрошените
или оштетените делови.
Секогаш користете Bosch
оригинални резервни делови.
Никогаш не користете го уредот
ако на него не се монтирани
придружните делови.
Напомени за оптимално користење
на батериите
Осигурајте се дека косачката е
исклучена пред да и ја ставите
батеријата.
Ставањето на
батеријата додека косачката
работи може да предизвика
несреќа.
Употребувајте само Бош батерии
наменети за оваа косачка.
Употребата на некои други батерии
може да предизвика повреда или
пожар.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од
топлина, на пр. од трајно
изложување на сончеви
зраци, оган, вода или влага.
Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата,
чувајте ја понастрана од парички,
спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални
предмети што можат да направат
спој од едниот до другиот пол.
OBJ_BUCH-1981-004.book Page 219 Monday, September 21, 2015 8:23 AM