u
Обрнете дополнително внимание при сечење во
постоечки ѕидови или други празнини.
Испакнато
сечило може да пресече предмети кои може да
предизвикаат одбивање.
Функција на долен заштитен поклопец
u
Пред секоја употреба проверете дали е правилно
затворен долниот штитник. Не работете со пилата
доколку долниот штитник не може слободно да се
движи и веднаш се затвора. Никогаш не го стегајте
или не го врзувајте долниот штитник додека е
отворен.
Ако пилата случајно падне, долниот штитник
може да се извитка. Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и уверете се дека слободно
се движи, и не го допирајте сечилото ниту некој друг
дел, на аглите и длабочината на засекот.
u
Проверете ја работата на пружината на долниот
заштитен поклопец.
Доколку заштитниот поклопец
и пружината не функционираат правилно, мора да
се сервисираат пред употреба.
Долниот заштитен
поклопец може побавно да работи поради оштетени
делови, лепливи наслаги или наталожена нечистотија.
u
Долниот штитник може рачно да се повлече за
одредени засеци, како што се „убодни засеци“ и
„аголни засеци”. Подигнете го долниот штитник со
повлекување на рачката, и кога сечилото ќе го
пробие материјалот, долниот штитник мора да се
отпушти.
За сите останати засеци, долниот штитник
автоматски ќе работи.
u
Секогаш внимавајте долниот штитник да го
покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на
работна маса или на под.
Незаштитено, разлабавено
сечило ќе предизвика враќање на пилата наназад, и
сечење на сѐ со што ќе дојде во допир. Внимавајте на
времето што му е потребно на сечилото откако
прекинувачот ќе се ослободи.
Дополнителни безбедносни напомени
u
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце.
Може
да се повредите од ротирачките делови.
u
Не работете со пилата над глава.
Тогаш немате
доволна контрола врз електричниот алат.
u
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
u
Не го фиксирајте електричниот алат.
Тој не е
предвиден за работа на маса за сечење.
u
При „длабински рез“ и неаголни резови треба да се
постави водилката на пилата за да го спречи
страничното поместување.
Страничното
поместување може да доведе до заглавување на
листот на пилата и до повратен удар.
u
Не користете листови за пила од HSS-челик.
Таквите
листови на пила може лесно да се скршат.
u
Не сечете железни метали.
Струготините би можеле
да го запалат вшмукувачот за прав.
u
При оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа.
Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
u
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од
краток спој.
u
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание.
Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
u
Користете ја батеријата само во производи од
производителот.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага.
Инаку, постои
опасност од експлозија.
u
Почекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за правење на должински и
напречни резови на дрво со рамни и коси резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1)
Батерија
(2)
Копче за отворање на батеријата
(3)
Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(4)
Прекинувач за вклучување/исклучување
(5)
Клуч со внатрешна шестаголна глава
(6)
Копче за блокирање на вретеното
(7)
Основна плоча
Македонски |
191
Bosch Power Tools
1 609 92A 4LK | (22.10.2018)