![Bosch 0 601 9H3 000 Original Instructions Manual Download Page 161](http://html.mh-extra.com/html/bosch/0-601-9h3-000/0-601-9h3-000_original-instructions-manual_41290161.webp)
Македонски |
161
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата
(8)
при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување
(7)
за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата
(8)
и светилката брзо трепкаат, доколку
температурата на батеријата е надвор од опсегот на
работна температура од –20 до +50 °C.
LED-светилки
Капацитет
Трајно светло 3 x зелено
≥ 76 %
Трајно светло 2 x зелено
51–75 %
Трајно светло 1 x зелено
26–50 %
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 25 %
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При прејако оптоварување
електрониката на електричниот алат се исклучува, додека
не се постигне повторно оптималната температура.
Оваа состојба се сигнализира со секвенционално
светење на трите LED светилки на приказот за
наполнетост на батеријата
(8)
. LED светилките се
исклучуваат, ако електричниот алат повторно ја достигне
оптималната работна температура.
Совети при работењето
u
Електричниот алат ставете го на завртката само
доколку е исклучен.
Доколку алатите што се
вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се
превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку
Bosch
програмата за опрема.
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Држач за појас (види слика I)
Со држачот за појас
(17)
може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
Држач за битови (види слика J)
Во магнетскиот држач за битови
(18)
можат да се вметнат
битови за одвртувач за да се чуваат.
Стега во боја (види слика K)
Стегата во боја
(19)
може да се користи само ако
држачот за појас
(17)
или држачот за битови
(18)
не се
монтирани.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
u
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4TV | (03.05.2019)
Summary of Contents for 0 601 9H3 000
Page 6: ...6 17 18 19 I J K 1 609 92A 4TV 03 05 2019 Bosch Power Tools ...
Page 216: ...216 فارسی 1 609 92A 4TV 03 05 2019 Bosch Power Tools ...
Page 217: ... 217 L BOXX 102 2 608 438 691 1 600 A01 1UW Bosch Power Tools 1 609 92A 4TV 03 05 2019 ...
Page 220: ...220 1 609 92A 4TV 03 05 2019 Bosch Power Tools ...