
Правосмукалка / Прирачник за употреба
51 / 62 МК
3
Употреба
3.1 Наменета употреба
Уредот е дизајниран за домашна употреба и не
одговара за индустриска примена.
3.2 Приклучување/
отстранување на цревото
1. За да го приклучите цревото (15), бутнете го
капачето за цревото (14) за да се совпадне со
процепот (ќе се слушне звук на кликнување).
•
Деловите што штрчат на капачето за цревото
треба да бидат соодветно порамнети.
2. За да го отстраните цревото (15) треба да
притиснете на копчињата за отклучување на
страните од капачето (14) и да го повлечете
цревото.
3.3 Приклучување/
отстранување на
телескопската цевка
1. Прикачете ја телескопската цевка (3) за
рачката (1).
2. Повлечете ја телескопската цевка (3) од
рачката (1) за да ја отстраните.
3. За да ја приспособите телескопската цевка,
притиснете го резете за приспособување
на телескопската цевка (4) во насока на
стрелката и повлечете го нејзиниот крај.
3.4 Приклучување/
отстранување на четката за
паркет/тепих
1. Прикачете ја телескопската цевка (3) за
четката за паркет/тепих (5).
2. Повлечете ја телескопската цевка (3)
од четката за паркет/тепих (5) за да ја
отстраните.
3.5 Приспособување на
четката за паркет/тепих
Со притискање на резето за приспособување
што се наоѓа на четката за паркет и тепих (5);
•
Употребете ја позицијата "
" за тврди
подови и паркети.
•
Употребете ја позицијата "
" за ќилими
и теписи.
3.6 Работа
1. Вклучете го уредот во струја по
извлекувањето на кабелот лоциран на
задниот дел од уредот.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување (8) за да го вклучите уредот.
3.6.1 Приспособување на
моќноста на смукање
Можете да ја зголемите моќноста на смукање
на уредот со вртење на копчето (9) за
приспособување на моќноста во насока на
стрелките на часовникот лоцирано на телото на
уредот во согласност со типот на површина што
треба да се чисти. За да ја намалите моќноста
на смукање треба да го свртите копчето во
обратна насока од стрелките на часовникот.