![Beko HBG5100W User Manual Download Page 33](http://html.mh-extra.com/html/beko/hbg5100w/hbg5100w_user-manual_29274033.webp)
33 / 153 МК
Рачен блендер за рендање / Прирачник за употреба
10. За да го отстраните телото
на моторот (3), притиснете
го копчето за заклучување
на телото на моторот (17)
и извадете го со негово
вртење во спротивна насока
од стрелките на часовникот.
11. За да го отстраните капакот
што може да се заклучува
(15), тргнете го капакот со
притискање на копчето за
механизмот за заклучување
(16) и потоа отстранете го
провидниот среден капак.
12. Пред да ја извадите
изблендираната
храна,
внимателно отстранете го
сечкалото (12).
3.7 Употреба на дискот
за рендање
1. Држете го сечилото за
рендање додека е свртено
нагоре и прикачете го
дискот за рендање (9). (За
да го отстраните сечилото
за рендање од дискот,
поттурнете го малку од
дното).
3
Работа
2. Ставете
го
држечкиот
клин за додатоци (10) врз
фиксираното вратило во
собирникот за процесирање
и наместете го дискот за
рендање (9) врз него. Потоа
ставете го провидниот среден
капак (11) и ставете го капакот
што може да се заклучува (15)
врз него. Ќе слушнете звук на
кликнување кога капакот (15)
е целосно наместен.
3. Ставете го телото на моторот
(3) врз капакот (15). Вртете
го насока на стрелките на
часовникот додека не легне
добро. Осигурете се дека
телото на моторот е целосно
поставено врз капакот.
4. Вклучете го апаратот во
струја.
5. Ставете ја храната низ
цевката (18) и рендајте ја
со помош на туркалото (19).
Никогаш не употребувајте
прсти, вилушки, ножеви и сл.
за да ја туркате храната.
6. Кога процесот е завршен,
чекајте дискот да запре и
исклучете го уредот од струја.