![Beko CWB 6550 X User Manual Download Page 78](http://html.mh-extra.com/html/beko/cwb-6550-x/cwb-6550-x_user-manual_30763078.webp)
- 76 -
и прицврстете го со шрафовите
B
(слика 3).
За да го претворите аспираторот од верзија за во вентила-
ција во верзија со филтер, побарајте јагленски филтри од
својот продавач и постапете според упатството за местење.
• Верзија со филтер
Наместете го аспираторот и двата ќунци како што е опи-
шано во пасусот за местење на аспираторот во верзија за
во вентилација. За да го составите ќункот за филтрирање
видете во упатството содржано во комплетот. Ако ком-
плетот не е приложен, нарачајте го од продавачот како
прибор. Филтрите мора да се стават на делот за влечење
на воздухот што се наоѓа внатре во аспираторот. Мора да
се центрираат со вртење под агол од 90 степени додека не
се затвори бравата (слика 6).
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
•
Се препорачува апаратот да се вклучува пред готвење.
Се препорачува да се остави апаратот да работи 15 минути
по готвењето за да може целосно да се отстранат пареата и
миризбата од него. Правилното функционирање на аспи-
раторот зависи од редовноста на одржувањето, особено
на филтерот со активен јаглен.
• Филтерот за маснотии
е одговорен за задржување на
масните честички кои лебдат во воздухот кои можат да го
запушат апаратот зависно од користењетона истиот.
- За да се избегне опасност од пожар, максимум на секои
два месеца, потребно е да се измијат филтрите за маснотии
на рака, со користење на течни неабразивни детергенти
или во машина за садови на ниски температури и на краток
циклус.
- По неколку миења можно е менување на бојата. Ова не е
причина за каква било рекламација за замена на апаратот.
• Филтрите со активен јаглен
служат за прочистување
на воздухот кој се испушта во просторијата со функција на
ублажување на мирисот кој се произведува со готвењето.
- Филтрите со активен јаглен кои не се регенерираат треба
да се менуваат максимум на секои 4 месеци. Густината на
активен јаглен зависи од употребатата на апаратот, од типот
на готвење и на регуларноста со која се чисти филтерот за
маснотии.
- Филтрите со регенериран активен јаглен треба да се
мијат на рака со неабразивни неутрални детергенти или
машина за миење садови на максимална температура од
65°C (циклусот за миење треба да биде комплетен без други
садови). Отстранете го вишокот вода без да го оштетите
филтерот, отстранете ги пластичните делови и исушете го
душекчето во релна 15 минути на температура од максимум
100°C. За да се задржи функцијата на јаглеродниот филтер
оваа операција мора да се повторува на секои два месеца.
Филтрите мора да се заменуваат максимум на три години
или кога душекот е оштетен.
• Пред да се монтираат филтрите за маснотии и фил
-
трите со активен јаглен важно е тие да бидат добро
исушени.
• Редовно чистете ги вентилаторот и другите површини
на аспираторот со крпа навлажнета со денатуризиран
алкохол или неабразивен течен детергент.
•
Светлото е наменето за користење за време на готвењето,
но не и за подолго општо осветлување.
Подолгото користење на светлото значително го намалува
векот на траење на сијалицата.
•
Ако апаратот е опремен со светло за простории истото
може да се користи за продолжена употреба како општо
осветлување на просторијата.
•
Внимание:
не придржувањето кон упатствата за чистење
на аспираторот и заменувањето и чистењето на филтрите
можат да предизвикаат пожар. Затоа се препорачува да ги
следите упатствата.
• Менување на халогенките (слика 7):
За да ги замените халогенките
B
, извадете го стаклото
C
користејќи лост во соодветните отвори. Заменете ги хало-
генките со нови од ист вид.
Внимателно:
не допирајте ја “крушата” со голи раце.
• Замена на LED лампи (слика 8):
Ако вашиот апарат е верзија со LED лампи за замена на
истите потребна е интервенција на техничар.
• Замена на халогени сијалици (слика 9):
Користете само светилки од ист тип со ист ват, и светилки
инсталирани на уредот.
•
К
оманди (слика 10) механички
подолу се опишани
симболите:
A =
СВЕТЛО
B
=
ИСКЛУЧЕНО
C =
БрЗИНА I
D
=
БрЗИНА II
E
=
БрЗИНА III.
• Команди (слика 11) Cветлечки
симболите се објаснети
подолу:
A =
СВЕТЛО
B =
OFF
C =
БрЗИНА I
D =
БрЗИНА II
E =
БрЗИНА III
F
=
ТАЈМЕр ЗА АВТОМАТСКО СОПИрАЊЕ - 15 минути
(*)
Ако вашиот уред е опремен со функција
ИНТЕНЗИВНА
бр-
зина, почнувајќи од третата брзина и држејќи го притиснато
копчето
Е
2 секунди, интензивната брзина ќе се активира
за 10 минути, по што ќе се врати во претходната брзина.
Кога е активирана функцијата, LED лампата трепка.
За да ја прекинете брзината пред истекувањето на 10
минути повторно притиснете го копчето
Е
.
Некои модели може исто така да ја активираат интензив-
ната брзина и со првата и втората брзина.
Со држење на копчето
F
притиснато две секунди (кога аспи-
раторот е исклучен), се вклучува функцијата “
чист воздух
”.
Оваа функција го вклучува апаратот по 10 минути на секој
час при прва брзина. Штом ќе се активира оваа функција,
моторот почнува да работи со прва брзина 10 минути. За
тоа време копчињата
F
и
C
мора да трепкаат истовремено.
По 10 минути моторот се исклучува и сијаличката на коп-
чето
F
останува запалена со постојано светење додека
моторот не почне повторно да работи при прва брзина
по 50 минути, и копчињата
F
и
C
повторно почнуваат да
трепкаат заедно 10 минути, итн.
Ако притиснете кое било копче, освен копчето за светлото,
аспираторот веднаш ќе се врати во вообичаената функција
(на пр., доколку се притисне копчето
D
, функцијата “
чист
воздух
” се исклучува и моторот веднаш преоѓа во работа
при втора брзина. Доколку го притиснете копчето
B
, функ-
цијата се исклучува).
(*)
Тајмерот за автоматско сопирање го одложува преки-
нувањето на работата на аспираторот, којшто ќе продолжи
да работи 15 минути при брзината што била поставена во
моментот на активирањето на оваа функција.
Summary of Contents for CWB 6550 X
Page 1: ...CWB 6550 X CWB 9550 X CWB 9 CWB 6730 X CWB 9730 X Cooker Hood User Manual ...
Page 3: ... 1 Fig 1 A B C Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 ...
Page 80: ...www beko com ...
Page 81: ...www beko com ...
Page 82: ...www beko com ...
Page 83: ......
Page 84: ...www beko com 3LIK1735 ...