35
страна на деца. Деца не смеат да вршат работи поврзани со чистење или одржување на
уредот, освен ако не се постари од 8 години и се надгледувани.
6. По употреба секогаш исклучувајте го уредот влечејќи за приклучокот и со другата рака
придржувајќи го штекерот. НЕ исклучувајте го уредот со влечење на кабелот за
напојување.
7. Немојте да ги потопувате кабелот, приклучокот и целиот уред во вода или друга
течност. Не изложувајте го уредот на атмосферски влијанија (дожд, сонце, итн.) и не
употребувајте го во услови на висока влажност (бањи, влажни камп-куќи).
8. Повремено проверувајте ја состојбата на кабелот за напојување. Ако кабелот за
напојување е оштетен, треба да се замени во специјализиран сервис за да се избегне
опасност.
9. Не користете го уредот доколку е оштетен кабелот за напојување или доколку уредот
бил паднат или оштетен на кој било друг начин или ако не работи правилно. Немојте
сами да го поправате уредот, бидејќи тоа може да предизвика струен удар. Оштетениот
апарат однесете го во соодветен сервисен центар за проверка или поправка. Само
овластени сервисни центри можат да ги вршат поправките. Неправилно извршената
поправка може да предизвика сериозна опасност за корисникот.
10. Уредот треба да го поставите на ладна, стабилна површина, подалеку од грејни тела,
како што се: електричен шпорет, плински уреди и сл.
11. Не користете го уредот во близина на запаливи материјали.
12. Кабелот за напојување не треба да виси под работ на масата или да се допира на
топли површини.
13. Не оставајте го уредот или адаптерот за напојување во штекер без надзор.
14. За да се обезбеди дополнителна заштита, препорачливо е да се инсталира во
електричното коло, уред за резидуална струја (RCD) со номинална диференцијална
струја.
15. Не потопувајте го уредот во вода или во друга течност. Не мијте го во машина за
миење садови.
16.Пред чистење и менување на дополнителна опрема, поставете ја контролата на
брзината на OFF и исклучете го кабелот за напојување од електричната мрежа.
17.Пред употреба, проверете дали се правилно инсталирани сите делови и додатоци.
18.Кога мешате топли производи, внимавајте да не се изгорите.
19.Уредот е дизајниран за подготовка на мали порции од прехранбени производи.
Уредот не треба да се користи за индустриска обработка на храна.
20.Немојте да користите различни видови на додатоци (за мешање и матење) во исто
време.
21.Максималното континуирано работно време е 5 минути. По ова, почекајте додека
уредот не се излади пред повторно да почнете да го користите.
ОПИС НА УРЕДОТ (слики 1 и 2)
1.Копче “Eject” за ослободување на приклучните делови
2.Прекинувач за контрола на брзината
3.Копче “Turbo”
4.Приклучни делови за матење
Summary of Contents for AD 4205
Page 2: ...2 1 2 3 1 2 3 4 1 2 3 4 5 6...
Page 29: ...29 8 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 OFF 17 18 19 20...
Page 35: ...35 8 6 7 8 9 10 11 12 13 14 RCD 15 16 OFF 17 18 19 20 21 5 1 2 1 Eject 2 3 Turbo 4...
Page 39: ...39 8 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 OFF 17 18 19 20 21 5...
Page 48: ...48 5 2 0 6 Eject 1 1 2 3 4 5 220 240 50 60 300 550 PE II LVD EMC CE...