
mk
Пуштање во работа
540
WILO SE 2019-07
8
Пуштање во работа
8.1
Обврската на раководителот
НАПОМЕНА
Внимавајте на дополнителната документација
Спроведете мерки за пуштање во работа согласно Упатството за вградување и
работа на целокупната постројка!
Внимавајте на Упатството за вградување и работа на приклучените производи
(сензори, пумпи) и на документацијата за постројката!
▪ Поставете го Упатството за вградување и работа покрај приклучната табла или на
некое друго место предвидено за него.
▪ Обезбедете го персоналот со Упатството за вградување и работа на својот јазик.
▪ Осигурете се дека целокупниот персонал го прочитал и е запознаен со Упатството
за вградување и работа.
▪ Местото за инсталација на приклучната табла треба да се безбедно од
преплавување.
▪ Приклучната табла е соодветно осигурана и заземјена.
▪ Безбедносната опрема (вкл. за исклучување во итен случај) треба да биде
вклучена низ целата постројка и да биде проверена дали работи беспрекорно.
▪ Приклучната табла е погодна за примена со дадените работни услови.
8.2
Вклучување
НАПОМЕНА! Надгледувањето на струјата на моторот и вртежното поле се
достапни само во Wilo-Control EC-Booster!
НАПОМЕНА
Интегрирано надгледување на вртежно поле
Приклучната табла нема надгледување на вртежното поле. Функциите за
надгледување функционираат без грешка само кај приклучување на вртлива
струја со вртежно поле што се врти кон десно. Кога има вртежно поле што се
врти кон лево на приклучување на мрежа, при вклучувањето на дисплејот се
појавува кодот за грешка „E006“.
НАПОМЕНА
Сигнализација за грешка при работа со наизменична струја
Приклучната табла „Control EC-Booster“ има надгледување на вртежното поле
и на струјата на моторот. Двете функции за надгледување функционираат без
грешки само кај приклучоци за вртлива струја и се фабрички нагодени. Кога се
употребува приклучната табла на приклучок на наизменична струја, се
прикажуваат следните сигнализации за грешка на дисплејот:
• Надгледување на вртежно поле: Код за грешка „E006“
⇒ Исклучување на надгледувањето на вртежно поле: Поставете ја
вредноста „off“ во менито 5.68!
• Надгледувањето на струјата на моторот: Код за грешка „E080.x“
⇒ Исклучување на надгледувањето на струјата на моторот: Поставете ја
вредноста „off“ во менито 5.69!
▶ Функциите за надгледување се исклучени. Приклучната табла сега работи без
грешки со приклучување за наизменична струја.
НАПОМЕНА
Внимавајте на кодот за грешка во дисплејот
Свети или трепка црвената LED сијаличка за дефекти, внимавајте на кодот за
грешка во дисплејот! Кога ќе ја потврдите грешката, се зачувува последната
грешка во менито 6.02.
Содержание Control EC-Booster
Страница 2: ......
Страница 46: ...de Anhang 46 WILO SE 2019 07 Legende R nur Lesezugriff RW Lese und Schreibzugriff ...
Страница 434: ...hr Dodatak 434 WILO SE 2019 07 Legenda R samo pristup za čitanje RW pristup za čitanje i pisanje ...
Страница 606: ...nl Bijlage 606 WILO SE 2019 07 Legenda R alleen leestoegang RW lees en schrijftoegang ...
Страница 692: ...pl Załącznik 692 WILO SE 2019 07 Legenda R tylko dostęp odczytu RW dostęp odczytu i zapisu ...
Страница 736: ...pt Anexo 736 WILO SE 2019 07 Legenda R só para acesso de leitura RW acesso de leitura e escrita ...
Страница 1208: ......
Страница 1209: ......
Страница 1210: ......