
mk
Поставување
526
WILO SE 2019-07
ВНИМАНИТЕЛНО
Намокрената амбалажа може да се искине!
Производот може да падне на под и да се искрши. Внимателно подигнете ја
намокрената амбалажа и веднаш заменете ја!
5.3
Складирање
▪ Спакувајте ја приклучната табла да биде отпорна на прав и на вода.
▪ Температура на чување: -30 ... +60 °C, макс. релативна влажност на воздухот:
90%, некондензирачка.
▪ Се препорачува складирање каде што не се создава мраз при температура од
10...25 °C со релативна влажност на воздухот од 40...50%.
▪ Генерално треба да се избегнува насобирањето кондензат!
▪ За да спречите навлегување на водата во куќиштето, затворете ги сите отворени
навртувања на каблите.
▪ Заштитете го кабелот од превиткување, оштетување или навлегување влага.
▪ За да спречите оштетување на составните елементи, заштитете ја приклучната
табла од директни сончеви зраци и топлина.
▪ Исчистете ја приклучната табла откако била складирана.
▪ Доколку дојде до навлегување на вода или доколку се создаде кондензат,
проверете дали функционираат сите електронски составни елементи.
Консултирајте се со службата за односи со корисниците!
6
Поставување
▪ Проверете ја приклучната табла за оштетувања при транспорт.
Не
инсталирајте
дефектни приклучни табли!
▪ Внимавајте на локалните прописи во поглед на планирањето и работата со
електричните управувања.
6.1
Квалификации на персоналот
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Инсталација/демонтажа: Стручното лице мора да е обучено во поглед на
работата со потребните алати и материјали за прицврстување за дадената
површина.
6.2
Начини на поставување
▪ Инсталација директно на постројка зголемување на притисокот
Приклучната табла е фабрички монтирана директно на постројка за зголемување
на притисок.
▪ Монтажа на ѕид
Кога е потребна одделна монтажа на приклучна табла на ѕид, следете го
поглавјето „Инсталација“.
6.3
Обврската на раководителот
▪ Местото на инсталација е чисто, суво и без вибрации.
▪ Местото на инсталација е сигурно од преплавување.
▪ Нема директни сончеви зраци врз приклучната табла.
6.4
Инсталација
▪ Кабелот за поврзување и потребната опрема ги обезбедува корисникот.
▪ Внимавајте кога го поставувате кабелот на тоа да не се оштети поради
истегнување, виткање и нагмечување.
▪ Проверете го пресекот и должината на кабелот за избраниот начин на
поставување.
▪ Затворете ги неискористените навртување на каблите.
▪ Придржувајте се до следните амбиентални услови:
– Температура на опкружувањето/работна температура: 0 ... 40 °C
– Релативна влажност на воздухот: 40 ... 50 %
– Макс. релативна влажност на воздухот: 90%, некондензирачка
6.4.1
Основни напомени за
прицврстување на приклучната
табла
Инсталацијата може да се прави на различни градби (бетонски ѕид, монтажна
шина итн.). Затоа, одговорачкиот материјалот за прицврстување за секоја градба
го обезбедува корисникот и треба да се внимава на следниве податоци:
▪ За да се избегнат пукнатини и откршување на градбата, држете доволно
растојание до работ на градбата.
▪ Длабочината на бушотина се одредува според должината на завртката.
Направете бушотина којашто е околу 5 mm подлабока од должината на
завртката.
▪ Правта од бушењето има влијание врз силата на носење. Секогаш издувувајте ги и
чистете ги бушотините.
▪ Не оштетувајте го куќиштето при инсталација.
Содержание Control EC-Booster
Страница 2: ......
Страница 46: ...de Anhang 46 WILO SE 2019 07 Legende R nur Lesezugriff RW Lese und Schreibzugriff ...
Страница 434: ...hr Dodatak 434 WILO SE 2019 07 Legenda R samo pristup za čitanje RW pristup za čitanje i pisanje ...
Страница 606: ...nl Bijlage 606 WILO SE 2019 07 Legenda R alleen leestoegang RW lees en schrijftoegang ...
Страница 692: ...pl Załącznik 692 WILO SE 2019 07 Legenda R tylko dostęp odczytu RW dostęp odczytu i zapisu ...
Страница 736: ...pt Anexo 736 WILO SE 2019 07 Legenda R só para acesso de leitura RW acesso de leitura e escrita ...
Страница 1208: ......
Страница 1209: ......
Страница 1210: ......